Роналдо видно вознемирен говори за загубата на синот: „Џорџина беше скршена - не сфаќаме зошто тоа ни се случи нам“ (видео)

„Како е истовремено да се радуваш за раѓањето на ново дете во семејството и да тагуваш за загубата на другото?“ - Кристијано Роналдо се обиде да даде одговор на ова прашање во емисија каде за првпат јавно говореше за загубата на синот кој почина при породување во мај годинава.

ronaldo-za-zagubata-na-sinot-djordjina-beshe-skrshena-ne-sfakjame-zoshto-toa-ni-se-sluchi-nam-video-01.jpg

Светски познатиот фудбалер деновиве гостуваше во емисијата на Пирс Морган во Велика Британија каде говореше отворено на повеќе теми поврзани со неговата кариера и приватниот живот, а меѓу другото јавно прозборе и за загубата на синот кој почина при породување.

ronaldo-za-zagubata-na-sinot-djordjina-beshe-skrshena-ne-sfakjame-zoshto-toa-ni-se-sluchi-nam-video-02.jpg

Со растреперен глас и видно вознемирен од трагедијата што го погоди нивното семејство, кога Џорџина беше бремена со близнаци, а само едно од нив го преживеа породувањето.

„Тоа најверојатно беше најтешкиот миг во мојот живот по смртта на мојот татко. Навистина е тешко да се соочите со таков проблем. Не разбираме зошто ни се случи нам. Тоа беше навистина тежок период за сите нас, особено за Џорџина“ – рече Роналдо.

Прашан за тоа како се чувствувал во моментот кога требало истовремено да слави за раѓањето на ќеркичката Бела Есмералда и да тагува за загубата на синот, Роналдо рече:

„Тоа е лудост. Се обидов да им го објаснам чувството на некои од моите пријатели и роднини. Никогаш не сум чувствувал истовремено среќа и тага. Многу е тешко, не знаеш дали ќе почнеш да плачеш или ќе се смееше во следниот момент. Тоа е нешто на што не знаеш како да реагираш“ – рече Роналдо.

За потсетување, Роналдо има 5 деца, синот Кристијано Роналдо Џуниор, Ева, Матео, Алана и Бела Есмералда. Три од нив ги доби од сурогат мајки, а две се од врската со неговата партнерка Џорџина Родригез.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Бритни Спирс првпат сам на црвен тепих со девојка – додека мајка му прави скандал со нож во... По долги години растење настрана од јавност, помалиот син на Бритни првпат се по...
Славни личности од Македонија и светот што ги изгубивме во 2025-та Во пожарот во Кочани згаснаа премногу млади животи, а загинаа и Андреј и Панчо о...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Како сопругата му покажа љубов со еден потег на „доктор Слоун“ од Grey’s Anatomy, кој почина на 53 г... Во 2018 година, сопругата на Ерик Дејн поднесе барање за развод. Но, парот ја ра...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Добил син со ретко нарушување, правел развратни забави: Многуте тајни што Принц пробуваше да ги скри... Принц криеше дека добил син кој починал по само седум денови, наводно поради деф...

Најчитани неделава