Иако ни се чини дека познатите дами не се појавуваат двапати во иста комбинација ниту, пак, копираат нечиј изглед, ова сепак се случува навистина често.
Кристијано Роналдо можеби има милиони и во моментов ужива во одморот со семејството на Мајорка, но знае да биде грижлив татко и сам да го потстриже синот кога треба. Неговата партнерка Џорџина Родригез сподели досега невидени фотографии од семејството.
Ако Кристен Стјуарт може од штикли да се „симне“ на рамни чевли, Џиџи Хадид да носи тоалета со балетанки, а Кејт Бланшет со римјанки, тогаш веројатно и вие без грижа на совест може да ги замените штиклите со удобни чевли. Или сепак не сметате така?
„Јас танцував и свирев пијано, а мојата сопруга беше дома бремена и се грижеше за нашата ќерка и му помагаше на братот кој боледуваше од рак“ – со овие зборови Рајан Гослинг ѝ се заблагодари на партнерката Ева Мендез. Што знаеме за најмистериозниот пар во Холивуд?
„Бомба! Последниот разговор меѓу Џони Деп и Амбер Херд“ – социјалните мрежи се преплавени со вакви објави, кои всушност се огласи за вработување и реклами. Јавноста има поделено мислење за нив: за едни тоа се најкреативните огласи, други ги осудуваат. Што мислите вие?
Кејт Мидлтон уште еднаш во улогата на совршен кралски припадник... Одржа модна лекција како треба да изгледа една гламурозна дама.
Вежбал наутро и по снимање за да ги одржи мускулите потребни за улогата, а на социјалните мрежи има реакции дека улогата на Кен во новиот филм Barbie ќе му ја уништи кариерата на Рајан Гослинг. Што мислите вие, ви се допаѓа ли актерот во улога на жива кукла?
Пред една година Хејли Бибер откри дека мајка ѝ ја убедила да не се разведе од Џастин, а сега по мозочниот удар што неодамна го преживеа и парализата на лицето на Џастин Бибер, таа вели дека нивната врска во моментов е поцврста од кога било.
„Јас одлучив да останам во врска со него и Курт одлучи да остане со мене“ – во една прилика Голди Хоун откри која е тајната за 37-годишната среќна врска со Курт Расел. Парот кој е во осмата деценија од животот е на одмор во Грција. Погледнете како изгледаат денес.
„Текстот во кој говорев дека сум жртва на семејно насилство не се однесуваше на Џони Деп, а и покрај сè што се случи јас уште го сакам“ – Амбер Херд даде шокантна изјава во ексклузивно интервју по завршувањето на судското рочиште.
По 17 години врска и 3 години брак, сопругата на Рафаел Надал, Марија Перељо е бремена. Иако се обидуваа да ја скријат бременоста, сепак се појавија нови фотографии на кои се гледа трудничкиот стомак на сопругата на светски познатиот тенисер.
Ако на Викторија Бекам слабост ѝ е најстариот син Бруклин и Дејвид има свој миленик меѓу децата, а тоа е нивната 10-годишна ќерка Харпер. Очигледно Викторија сака да постави правила во исхраната на нивната ќерка, но Дејвид е тука за да ги прекрши.
И Џорџина Родригез има опуштен стомак по бременоста кога ќе ја фотографираат од „лош“ агол, а и нејзе може да ѝ се случи фризурата да не ѝ биде средена по цел ден поминат на плажа со петте деца. Погледнете ја новата фотографија од одмор што Роналдо ја објави на Инстаграм.
На парот очигледно му е преку глава од константното следење на секој нивен чекор од страна на папараците, па при слетувањето во Сиднеј направија сè што можат за да минат незабележано – нормално, неуспешно!
Еден од најдоброплатените диџеи на светот не ги трга рацете од својата сакана на плажа на Ибица. По девојки од типот на пејачката Тејлор Свифт и супермоделот Ерика Волф, неговото срце го освои британска презентерка и новинарка...
Ким Кардашијан деновиве е на одмор со нејзиното момче Пит Дејвидсон, а во меѓувреме на социјалните мрежи ријалити ѕвездата повторно се најде на удар. Овојпат ја обвинуваат дека го уништила најскапиот фустан на светот.
„Не го поддржувам нејзиното однесување и ја замолив да не биде вулгарна“ – вели Чарли Шин, откако неговата ќерка Семи Шин отвори профил на Only Fans каде објавува разголени фотографии. Чарли ја обвини мајката на Семи за однесувањето на нивната ќерка.
Алекс Родригез ја замени Џеј Ло со 20 години помлада девојка која на одморот во Капри, Италија се пофали со впечатлив задник, мускулести раце и фит тело – слично како и неговата поранешна свршеница.