Му праќал пораки дека сака да го гледа на US Open: 6-годишниот Рики од САД е најголем фан на Новак Ѓоковиќ (видео)

„Здраво Рики, ја имаш најубавата насмевка на светот“ – му порача Новак Ѓоковиќ на неговиот најмлад и најверен фан пред еден од натпреварите на US Open, а видеото од средбата беше објавено на социјалните мрежи.

dokaz-deka-novak-gjokovikj-ima-srce-od-zlato-mu-ja-ispolni-zhelbata-na-negoviot-veren-6-godishen-fan-od-sad-koj-mu-pishal-poraka-pred-2-godini-01.jpg

Видеото со емотивниот миг кога Новак се поздрави со еден од своите најмлади и најверни фанови беше топ тема во голем број светски медиуми пред финалето на US Open, кога Србинот успеа да го победи Данил Медведев и повторно да стане најдобар тенисер во светот.

Дел од српските медиуми ја пренесуваат приказната за малиот 6-годишен Рики, кој уште во 2021-ва година го засакал тенисерот и постојано зборувал за него и го имитирал.

Минатата година Рики сакал да има можност да го запознае својот идол за време на US Open во 2022-ра година, па дури и му пратил порака од телефонот на мајка му.

Но, сите знаеме дека на Ноле тогаш му беше забранет влез во САД, по што Рики остана разочаран, но не ја загубил надежта.

Годинава, на Рики му се оствари сонот, кога тој имаше можност да го посети својот „најдобар пријател“ на теренот додека се подготвуваше за натпреварите, а видео снимката од средбата беше објавена и на социјалните мрежи.

Рики доби тениско топче од својот идол, а може да се слушне како тенисерот му вели:

„Здраво Рики, ја имаш најубавата насмевка... Пред две години ми напиша порака дека сакаш да се видиме на US Open и еве ти ја исполнивме желбата“.

Рики сигурно долго ќе го помни денот кога имал можност да се запознае со својот идол и да го следи од трибините, а веднаш по завршувањето на натпреварот Ноле отиде и го прегрна.

Ова е само уште еден доказ за скромноста на тенисерот, кој има срце од злато и секогаш им посветува внимание на своите фанови.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
„Извинете, може ли тато да излезе малку?“ – Слатко видео од синот на Ѓоковиќ кој упадна на прес-конф... Децата на Новак и мајка им Јелена упаднаа на неговата прес-конференција, а тој с...
Скандалозната врска на НБА ѕвездата Скоти Пипен (60) со 23-годишна девојка поттикна лавина реакции: ... Едни велат дека намерно избрал 23-годишна девојка, како одмазда кон екс-сопругат...
Сензацинален скок кој 50 години беше забранет во уметничкото лизгање ја воодушеви публиката - И Ноле... Младиот лизгач Илиа Малинин (21) имаше неверојатен настап на Зимската олимп...

Најчитани неделава