Христијан Бузалковски испиша историја за македонскиот мотоспорт, освои бронзен медал на европскиот шампионат во брзински мотоциклизам

Скопје, 22.01.2024 – Изминатиов викенд во Верона, Италија се одржа Prize Giving Ceremony, односно се доделуваа награди за престижниот европски шампионат во брзински моторциклизам.

hristijan-buzalkovski-ispisha-istorija-za-makedonskiot-motosport-osvoi-bronzen-medal-na-evropskiot-shampionat-vo-brzinski-motociklizam-03.jpg

Најуспешните го добија своето признание, меѓу нив беше и македонецот Христијан Бузалковски, кој одново докажа дека со многу труд, истрајност и напорна работа успехот е гарантиран.

Македонија за прв пат имаше свој претставник.  Христијан Бузалковски заедно со неговиот тим, испишаа историја за македонскиот мотоспорт и на овој шампионат го освои бронзениот медал.

hristijan-buzalkovski-ispisha-istorija-za-makedonskiot-motosport-osvoi-bronzen-medal-na-evropskiot-shampionat-vo-brzinski-motociklizam-02.jpg

-„Огромна чест и задоволство е да се натпреваруваш на ваков шампионат, а уште поголема е кога ќе освоиш медал од истиот! Истовремено сум многу среќен и горд што заедно со мојот тим успеавме да испишеме историја во Македонскиот мотоспорт и што вложениот труд испливува на површина. Овој бронзен медал нас е силна мотивација за идните планови и цели.“, вели Христијан Бузалковски.

Со Prize Giving Ceremony се заокружи 2023-та година, односно доделените награди се за цела претходна сезона, која за Христијан беше подеднакво напорна и плодна.

hristijan-buzalkovski-ispisha-istorija-za-makedonskiot-motosport-osvoi-bronzen-medal-na-evropskiot-shampionat-vo-brzinski-motociklizam-01.jpg

Христијан за овие десет години активно натпреварување, ја претставува Македонија во најдобро светло во овој спорт, и покрај сите предизвици гордо го носи епитетот „трикатен БМУ шампион“. 

Македонија го доби својот прв награден мотоциклист на европски шампионат, а голема е веројатноста дека во иднина ќе го има и првиот европски или светски шампион.

Би можело да ве интересира:

Христијан Бузалковски во Верона доби нов медал за мотоциклизам: „Ова ми е втора бронза во европскиот... „Уште еден историски момент за брзинскиот мотоциклизам во Македонија! Јас ј...
Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
ЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом На четвртиот натпреварувачки ден, двете македонските репрезентации во Баскет 3х3...
ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула! Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот ост...
Олимписките медали се распаѓаат, бронзените чинат помалку од 2 кафиња во Скопје - Скандал во Италија Не помина ни една недела од почетокот на Зимските олимписки игри во Милано и Кор...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...

Најчитани неделава