Благодарност до македонската ракометна јавност

Ракометната Федерација на Македонија упатува голема благодарност до сите кои безрезервно дадоа поддршка на машката македонска сениорска репрезентација во спортскиот центар „Борис Трајковски“, за победата против селекцијата на Фарски Острови.

blagodarnost-do-makedonskata-rakometna-javnost-01.jpg

Благодарност до македонската ракометна јавност.

Почитувани ракометни пријатели, Ракометната федерација на Македонија упатува голема благодарност до сите кои безрезервно дадоа поддршка на машката македонска сениорска репрезентација во спортскиот центар „Борис Трајковски“, за победата против селекцијата на Фарски Острови, дополнително благодарност и до сите останати кои го следеа натпреварот и ги бодреа нашите ракометари пред малите екрани.

Во рамките на своите програмски определби, Ракометната федерација на Македонија како приоритет број 1 ги има промоцијата и унапредувањето на македонскиот ракометен спорт во меѓународни рамки.

Во текот на репрезентативните квалификациски циклуси/баражи и утврдени натпреварувачки системи од EHF/IHF во машка и во женска конкуренција за сите возрасни категории, националните селекции обезбедија учество на следните завршни турнири на континентално и на мундијално ниво:

Женска сениорска репрезентација – Women's EHF EURO 2024 (АUT/HUN/SUI) 28.11.2024-15.12.2024

Машка сениорска ракометна репрезентација – IHF Men's World Championship (HR/DEN/NOR) 14.01.2025 - 02.02.2025 

Женска младинска ракометна репрезентација – IHF Women's Junior World Championship 2024 (MKD) 19.06.2024-30.06.2024 

Машка младинска ракометна репрезентација  Men's 20 EHF EURO 2024 (SLO) 10.07.2024- 21.07.2024

Машка кадетска ракометна репрезентација – Men's 18 EHF EURO 2024 (MNE)  07.08.2024- 18.08.2024 

Честитки до сите ракометари и ракометарки, и до членовите на стручните штабови на сите македонски ракометни селекции! Вие сте наша гордост!!!

Со почит, Ракометна Федерација на Македонија.

Би можело да ве интересира:

Илина Соколовска првпат ја носи Македонија на Светско првенство по ритмичка гимнастика Илина Соколовска, успеа да ги освои потребните бодови и ја носи Македонија на Св...
ЕМОФ Скопје 2025 свечено затворен: Европа обединета преку спортот, солидарноста и пријателството На ден како 26 јули – кога пред 62 години сите европски земји се обединија во по...
Даниела Алексовска и Марко Трајановски доминираа пред домашната публика во Скопје! Синоќа, на 14.09, Македонија беше сведок на најголемиот ММА спектакл – Арммадa 1...
Браво! 11- годишната Ана Бегова од Гевгелија е вистински бисер на македонската атлетика! 11-годишната Ана Бегова од Гевгелија е вистински бисер на македонската атлетика ...
Натпреварот со Португалија на Европско ракометно првенство заврши нерешено Натпреварот почна и заврши тензично, а крајниот резултат беше 29:29. Нашите рако...
Македонија оди на Светско! Ракометарите десетти пат се изборија за пласман за најголемото натпревару... Македонската ракометна репрезентација повторно нè направи горди! Момците на Кире...

Најчитани неделава