Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Мора да ме почитувате“: Ѓоковиќ се налути и ѝ одржа лекција на публиката на Вимблдон + кои ѕвезди се појавија на турнирот?

За време на вчерашниот натпревар на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ помисли дека публиката го исвирка, па реши да им одржи лекција, бидејќи и покрај спротивните мислења, тенисерот стои на ставот дека му покажале непочитување. Во меѓувреме, бројни познати личности присуствуваа на вчерашниот и на другите натпревари од турнирот.

mora-da-me-pochituvate-gjokovikj-se-naluti-i-odrzha-lekcija-na-publikata-na-vimbldon-koi-dzvezdi-se-pojavija-na-turnirot-01.jpg

Од 24-ти јуни до 14-ти јули се одржува тенискиот турнир Вимблдон, а еден од тенисерите кои излегоа на терен е, секако, Новак Ѓоковиќ.

Но, за време на неговиот натпревар во понеделникот (08.07) имаше и мал скандал.

Познатиот тенисер играше против Холгер Руне и победи, но беше навреден бидејќи му се причинило дека публиката го исвиркала.

mora-da-me-pochituvate-gjokovikj-se-naluti-i-odrzha-lekcija-na-publikata-na-vimbldon-koi-dzvezdi-se-pojavija-na-turnirot-03.jpg

Наводно, дел од публиката само го извикувала името на противникот – Руне – но Ѓоковиќ помислил дека го свиркаат него.

Па, тенисерот одлучи да се „пресмета“ со публиката.

„До фановите кои имаа почит и останаа овде вечерва – ви благодарам од дното на срцето и го ценам тоа.

А, до сите кои одлучивте да не го почитувате играчот – во овој случај мене – имајте дооооообра ноќ“. 

За појаснување, на англиски (goood night) звучи како тој да ѝ вика „уууу“ на публиката.

mora-da-me-pochituvate-gjokovikj-se-naluti-i-odrzha-lekcija-na-publikata-na-vimbldon-koi-dzvezdi-se-pojavija-na-turnirot-02.jpg

Потоа, новинар од BBC му посочи на тенисерот дека публиката го извикувала името на Руне, но Ѓоковиќ стоеше на ставот:

„Ми покажуваа непочитување. Нема да го прифатам тоа. Не, не, не. Знам дека навиваа за Руне, но тоа не е изговор за да ме свиркаат мене…

Играм повеќе од 20 години. Ги знам сите трикови. Се фокусирам на луѓето кои покажуваат почит, го сакат тенисот и ги ценат играчите.

Сум играл во многу полоша средина, верувај ми – не можете ни да ме допрете“.

Подоцна се огласи и противникот на Ѓоковиќ:

„Искрено, ако не знаеш што точно се случува, може да звучи како свиркање, како ’ууу‘. Но, јасно е дека го извикуваа моето име, Руне“.

mora-da-me-pochituvate-gjokovikj-se-naluti-i-odrzha-lekcija-na-publikata-na-vimbldon-koi-dzvezdi-se-pojavija-na-turnirot-04.jpg

Вимблдон е најпознатиот тениски турнир во светот, па секоја година, натпреварите ги следат некои од најпознатите луѓе.

mora-da-me-pochituvate-gjokovikj-se-naluti-i-odrzha-lekcija-na-publikata-na-vimbldon-koi-dzvezdi-se-pojavija-na-turnirot-06.jpg

mora-da-me-pochituvate-gjokovikj-se-naluti-i-odrzha-lekcija-na-publikata-na-vimbldon-koi-dzvezdi-se-pojavija-na-turnirot-05.jpg

Годинава на трибините можеа да се забележат ѕвезди како Дејвид Бекам, Салма Хајек, Никол Шерцингер...

Кои ѕвезди беа на Вимблдон 2024?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Хари Кејн има најромантична приказна меѓу фудбалерите: Со сопругата учел во основно, Бекам е „винове... Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, ја има една од нају...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
Му праќал пораки дека сака да го гледа на US Open: 6-годишниот Рики од САД е најголем фан на Новак Ѓ... „Здраво Рики, ја имаш најубавата насмевка на светот“ – му порача Новак Ѓоковиќ н...
Кајл Вокер на Европско '24 го бодрат и сопругата и љубовницата: Биле најдобри другарки пред аферата,... Фудбалерот Кајл Вокер, кој беше капитен на националниот тим на натпреварот Макед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg