Египќанка се натпреваруваше во 7-иот месец од бременоста во Париз: „Трипати олимпијка, но сега со бебе во стомакот“

„Можеби ви делува дека се двајца натпреварувачи на подиумот, но всушност, бевме тројца. Бевме јас, мојата противничка и моето бебе кое допрва треба да го здогледа светот“, напиша Нада Хефез, која се натпреваруваше во мечување.

egipkjanka-se-natprevaruvashe-vo-7-iot-mesec-od-bremenosta-vo-pariz-tripati-olimpijka-no-sega-so-bebe-vo-stomakot-01.jpg

Египетската спортистка Нада Хафез, се натпреваруваше во мечување на Олимпијадата во Париз 2024, но тоа го направи бремена, во 7-миот месец.

Ова е нејзина трета Олимпијада.

egipkjanka-se-natprevaruvashe-vo-7-iot-mesec-od-bremenosta-vo-pariz-tripati-olimpijka-no-sega-so-bebe-vo-stomakot-04.jpg

26-годишната Нада победи на првиот натпревар, но потоа го загуби вториот и со тоа успеа да се пласира меѓу најдобрите 16, но не и да се избори за медал.

Откако ги заврши натпреварите, таа сподели фотки од својот настап на Инстаграм и со пораката ги изненади и фановите и спортскиот свет.

453219457_945068684323791_200440162639420047_n_copy.jpg

„Можеби ви делува дека се двајца натпреварувачи на подиумот, но всушност, бевме тројца. Бевме јас, мојата противничка и моето бебе кое допрва треба да го здогледа светот.

Моето бебе и јас се соочивме со многу предизвици, и физички и емотивни.

Ролеркостерот на бременоста е самиот по себе тежок, но тоа што требаше да се борам за да направам баланс меѓу животот и спортот, беше напорно, но вредеше.

egipkjanka-se-natprevaruvashe-vo-7-iot-mesec-od-bremenosta-vo-pariz-tripati-olimpijka-no-sega-so-bebe-vo-stomakot-03.jpg

Го пишувам ова за да кажам дека се гордеам што успеав да стигнам до најдобрите 16.

Среќна сум што го делам ова со мојот сопруг и со семејството и што успеав да стигнам дотука.

Оваа Олимпијада беше различна: трипати олимпијка, но овој пат со мало олимпијче во стомакот“, напиша таа.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...
Французинот кој трча и менува јакни е вистински хит на Олимпијадата - Што знаеме за Беноа Ришо? Оваа зимска Олимпијада донесе многу интересни моменти, спортски подвизи кои ќе с...
Македонци истрчаа 400km од Љубљана до Задар во тимска трка: „Завршивме за 33 часа, најтешко е ноќе к... „Системот беше „штафетен“ - додека дел од екипата трча, другите одмораа во комбе...

Најчитани неделава