Никола Јокиќ откри зошто веќе нема да ја носи бурмата на патиките – сигурно сопругата му се „заканила“

„Нема да ризикува истото да му се случи третпат“ – велат низ смеа оние што го погледанаа видеото во кое Никола Јокиќ откри дека веќе нема да ја носи бурмата на врвките од патиките. Со тешко срце, тој призна дека ќе мора да заборави на овој свој ритуал.

soprugata-kje-mu-se-luti-nikola-jokikj-otkri-zoshto-vekje-nema-da-ja-nosi-burmata-na-patikite-01.jpg

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ (29) во моментов важи за една од најголемите ѕвезди во NBA, а во изминатите сезони привлекуваше внимание со еден необичен ритуал на секој натпревар.

Забележително беше дека на секој натпревар тој на патиките ја врзуваше бурмата што му ја дала сопругата.

soprugata-kje-mu-se-luti-nikola-jokikj-otkri-zoshto-vekje-nema-da-ja-nosi-burmata-na-patikite-03.jpg

Познато е дека голем дел од спортистите се суеверни, но Србинот откри дека тоа што ја носи бурмата врзана за патиките на секој натпревар е од емотивни причини.

И покрај тоа што сопругата Наталија и ќерката Огнена често го следат од публиката на натпреварите, Јокиќ имаше навика никогаш да не го вади прстенот, во знак на почит кон семејството.

soprugata-kje-mu-se-luti-nikola-jokikj-otkri-zoshto-vekje-nema-da-ja-nosi-burmata-na-patikite-09.jpg

Јокиќ и Наталија се заедно од средношколските денови, а во изјава за странските медиуми тој рече дека „трикот“ го научил од српски колега.

Целта му била секогаш да чувствува дека семејството е блиску до него.

soprugata-kje-mu-se-luti-nikola-jokikj-otkri-zoshto-vekje-nema-da-ja-nosi-burmata-na-patikite-08_copy.jpg

Но, оваа сезона, Јокиќ веќе нема да ја носи бурмата на патиките, а даде и објаснување зошто тоа ќе биде така.

„Не, нема да ја носам! Ја загубив првата, па потоа ја загубив и втората бурма што сопругата ми ја даде, па затоа...“ – рече тој и тешко воздивна во камерата.

soprugata-kje-mu-se-luti-nikola-jokikj-otkri-zoshto-vekje-nema-da-ja-nosi-burmata-na-patikite-05.jpg

Многумина коментираат дека реакцијата на Јокиќ значи дека сопругата Наталија му се лути затоа што постојано ги губи бурмите и нема да ризикува да ја загуби и третата, а во самиот видео прилог коментираат дека најверојатно таа му се заканила дека ќе го избрка.

„Гарантирам дека сопругата сега му вели: ‘Не го губиш прстенот од НБА, а бурмите ги губиш постојано!’“

soprugata-kje-mu-se-luti-nikola-jokikj-otkri-zoshto-vekje-nema-da-ja-nosi-burmata-na-patikite-04.jpg

За да ја видите изјавата на Јокиќ кликнете на стрелките во објавата:

За љубовната приказна на Никола и Наталија прочитајте повеќе на следниот ЛИНК.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола Јокиќ изненаден - НБА ѕвезда носи јакна со вез како Св. Ѓорѓи ја убива ламјата, чини 20.000 д... Еден од највпечатливите моменти од кошаркарскиот All Star викенд, беше влегување...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Носи јакна со глина од тениските терени, танцува со ќерката - Ноле е повторно главен „фраер“ на Rola... Ноле, кој е познат по строгата дисциплина и посветеноста на работата, освен што ...
Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата? Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година ...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Македонци истрчаа 400km од Љубљана до Задар во тимска трка: „Завршивме за 33 часа, најтешко е ноќе к... „Системот беше „штафетен“ - додека дел од екипата трча, другите одмораа во комбе...

Најчитани неделава