„Ми иде да плачам ко дете“, навивачите во еден глас за Кочани: Потези за поздрав и солзи на мечот Вардар – Црвена Ѕвезда во Скопје

Солзи и болка, но и полно срце заради солидарноста и хуманоста... Точно еден месец по трагичната несреќа во Кочани, Вардар и Црвена Ѕвезда одиграа хуманитарен фудбалски меч – стадионот во Скопје одекнуваше „Кочани“, на трибините имаше пораки за благодарност на сите јазици на земјите кои ни помогнаа, фудбалерите од двата клуба беа во црни маици со натпис „Кочани“, а стиховите од „Тешкото“ ги исполнија трибините.

mi-ide-da-placham-ko-dete-publikata-vo-eden-glas-za-kochani-potezi-za-pozdrav-i-solzi-na-mechot-vardar-crvena-dzvezda-vo-skopje-01.jpg

На 16 април 2025, еден месец по трагичната несреќа во дискотеката во Кочани, каде животот го загубија 61 лице, се одржа хуманитарен фудбалски меч на Националната Арена „Тодор Проески“.

Фудбалерите на Црвена Ѕвезда и Вардар играа од срце на стадионот во Скопје, а сите средства од продажбата на картите ќе бидат донирани на семејствата на настраданите.

Играчите од двата тима кои важат за вечни ривали, на теренот излегоа во црни маици со натпис „Кочани“, а од трибините од 25.000 грла на цел глас одекнуваше „Кочани“, иако на моменти тишината грмеше погласно од сите навивачи заедно. 

Комитите држеа транспаренти со натпис „Ви благодариме“ на повеќе различни јазици, со кои упатија благодарност до сите земји кои со широко срце веднаш помогнаа и примија на лекување повеќе пациенти кои беа повредени во пожарот.

Низ цела трибина имаше и огромно платно на кое беа испишани стиховите на Блаже Конески од „Тешкото“: „...И зошто ми иде да плачам ко дете, да превијам раце, да прекријам лик“.

mi-ide-da-placham-ko-dete-navivachite-vo-eden-glas-za-kochani-potezi-za-pozdrav-i-solzi-na-mechot-vardar-crvena-dzvezda-vo-skopje-02.jpg

На мечот, Црвена Ѕвезда победи со резултат 3:1, но ова не беше само фудбал, туку многу повеќе емоција, пријателство, солидарност и хуманост, што полни душа и засекогаш ќе остане врежан како спомен за почитта која се оддаде кон жртвите. 

Кликнете за да го погледнете видеото:

Единствениот гол за Вардар, го даде Маневски, а го посвети на Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи, кој прерано го загуби својот живот во обид да спаси други во пожарот.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола Јокиќ изненаден - НБА ѕвезда носи јакна со вез како Св. Ѓорѓи ја убива ламјата, чини 20.000 д... Еден од највпечатливите моменти од кошаркарскиот All Star викенд, беше влегување...
Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата? Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година ...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, пливачот Евгениј Поп Ацев спортист н... Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослободувањето на градот Скопје,...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
Македонското знаме повторно ќе се вее на врвот: Европскиот шампион Петар Мијалков ги стартуваше подг... По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана апсолутен ...
ЕМОФ Скопје 2025 свечено затворен: Европа обединета преку спортот, солидарноста и пријателството На ден како 26 јули – кога пред 62 години сите европски земји се обединија во по...

Најчитани неделава