Горан Минов: Да навиваме фер и со срце - Напред Алкалоид!

Изјава на претседателот на РК Алкалоид, Горан Минов, од денешната прес-конференција.

goran-minov-da-navivame-fer-i-so-srce-napred-alkaloid-01.jpg

Драга публико, почитувани навивачи, наш осми играч на теренот,

Во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп меѓу РК „Алкалоид“ и РК „АЕК“, упатуваме искрен апел до нашите поддржувачи – да jа покажеме љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб АЛКАЛОИД со фер и спортско навивање.

Да навиваме со срце, да бодриме со почит и да покажеме дека вистинските навивачи се дел од фер-плејот на теренот.

goran-minov-da-navivame-fer-i-so-srce-napred-alkaloid-02.jpg

Ви благодариме за сета досегашна поддршка и убавите коментари за првиот одигран натпревар против РК „АЕК“. Во недела имаме пред нас уште 60 минути тежок и голем предизвик. Публиката како никогаш до сега имаме потреба да нè бодри, да навива за нас, покажувајќи респект и почит кон гостинската екипа, во духот на фер-плејот.

Со нас на трибините во недела ќе биде и нашиот најмлад навивач кој има само 2 години, а единствената официјална навивачка група на РК „Алкалоид“ „Кафетинки“ се вистински пример за тоа како е да се навива гласно, но од срце и со стил!

goran-minov-da-navivame-fer-i-so-srce-napred-alkaloid-03.jpg

Да бидеме пример за спортска култура кон нашиот тим, гостите и претставниците на европската куќа на ракометот, затоа што спортот не е само борба за победа, туку и празник на почитта, заедништвото и витешката игра.

ДА НАВИВАМЕ ФЕР И СО СРЦЕ: НАПРЕД АЛКАЛОИД!!

Горан Минов, Претседател на РК „Алкалоид“

Би можело да ве интересира:

ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула! Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот ост...
Македонското знаме повторно ќе се вее на врвот: Европскиот шампион Петар Мијалков ги стартуваше подг... По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана апсолутен ...
„Извинете, може ли тато да излезе малку?“ – Слатко видео од синот на Ѓоковиќ кој упадна на прес-конф... Децата на Новак и мајка им Јелена упаднаа на неговата прес-конференција, а тој с...
Македонија оди на Светско! Ракометарите десетти пат се изборија за пласман за најголемото натпревару... Македонската ракометна репрезентација повторно нè направи горди! Момците на Кире...
Историја за македонскиот фудбал - F7 репрезентацијата ќе учествува на престижен турнир во Италија, Г... На официјална покана од претседателот на FIF7 Европа, Calcio 7 и Calcio 8 Italia...

Најчитани неделава