Горди сме! Бобан Илиоски ја одбрани светската титула во кик-бокс, па порача: „Се борам за мојата земја“

„Некои луѓе бараат мир. Други се родени за војна. Јас се борам за моето семејство, за мојата земја и за честа што ми е во крвта“ - напиша нашиот Бобан откако, и повреден, ја одбрани светската кик-бокс титула.

gordi-sme-boban-ilioski-ja-odbrani-svetskata-titula-vo-kik-boks-pa-poracha-se-boram-za-mojata-zemja-01.jpg

Македонскиот кик-боксер, Бобан Илиоски, ја одбрани светската титула во кик-бокс во категоријата ВАКО про до 88,6kg во K1.

Тој го победи Кадри Мурсели од Франција на натпреварот што се одржа во Женева, Швајцарија и дома повторно си дојде со победничкиот појас.

gordi-sme-boban-ilioski-ja-odbrani-svetskata-titula-vo-kik-boks-pa-poracha-se-boram-za-mojata-zemja-02.jpg

По враќањето, Бобан на својот Инстаграм објави видео од моментот кога се интонира македонската химна.

„Му благодарам на Господ за овој пат. Некои луѓе бараат мир. Други се родени за војна.

Јас се борам за моето семејство, за мојата земја и за честа што ми е во крвта.

Овој живот никогаш не бил мој да го чувам. Тој е подарок што треба да се даде во битка за тие што ги сакам“ напиша тој и го додаде хаштагот #последниотмакедонскивоин.

Бобан ја одбрани светската титула со прекин во втора рунда.

Во публиката, меѓу оние што го бодреа, беше и неговата сестра, манекенката Андријана Илиоска, која од Англија долета во Швајцарија специјално за борбата на брат ѝ, но и неколку другари од Македонија.

gordi-sme-boban-ilioski-ja-odbrani-svetskata-titula-vo-kik-boks-pa-poracha-se-boram-za-mojata-zemja-06.jpg

А по одбраната на титулата, нашиот шампион откри дека ова му бил еден од најтешките периоди во кариерата, во кој се соочил со неколку повреди, и скинат препон само две недели пред борбата.

„Повредите ми го отежнаа процесот на подготовка, но срцето, верата и желбата за победа беа поголеми од болката. Горд сум, задоволен и среќен што и во најтешките моменти издржав и ја одбранив титулата.

Сега следи мала пауза, а потоа се враќам уште посилен!

Мојата мисија останува иста да ја претставувам Македонија на најголемите светски кик-бокс сцени и да покажам дека нашиот дух никогаш не се предава“ - рече тој.

gordi-sme-boban-ilioski-ja-odbrani-svetskata-titula-vo-kik-boks-pa-poracha-se-boram-za-mojata-zemja-05.jpg

Кликнете за да го погледнете видеото од борбата за титулата:

Прочитајте и Бобан Илиоски за CRNOBELO лексикон: „Би сакал да живеам во времето на гладијаторите“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Мајка му го родила на 16, татко му собирал ѓубре од улица за да преживее - Што знаеме за Ламин Јамал... Пред да се роди Јамал, татко му работел секаква физичка работа, а собирал и ѓубр...
Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кук... „Не беше среќен ни во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе п...
Кристијано Роналдо за смртта на Диого Жота: „Бев со Џорџина кога дознав, плачев многу, но не се каам... Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) и неговиот брат Андре (26) загинаа во соо...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
Нашата скијачка Јана Атанасовска не ја заврши трката во слалом на Олимпијадата 2026 „По идентичното сценарио од велеслаломот пред неколку дена, Јана направи грешка ...

Најчитани неделава