Детали за трагичната смрт на Диого Жота: „Не беше пијан, тргна со автомобил бидејќи не смееше да лета поради операција“

Полицијата уште истражува што точно се случило пред несреќата.

Според досегашните информации, фудбалерот и брат му биле во автомобил од брендот Lamborghini и се претпоставува дека пукнала една од гумите додека претекнувале друг автомобил.

Поради ова, веројатно изгубиле контрола над возилото и излетале од патот, пред автомобилот да се запали.

Веднаш била повикана брза помош, но фудбалерот и неговиот брат не можеле да бидат спасени.

detali-za-tragichnata-smrt-na-diogo-zhota-ne-beshe-pijan-trgna-so-avtomobil-bidejkji-ne-smeeshe-da-leta-poradi-operacija-07.JPG

Засега полицијата вели дека не е потполно сигурна дали зад воланот седел Диого или брат му Андре.

Вчера попладне телата на фудбалерот и брат му беа однесени на обдукција, а биле идентификувани со документите кои ги носеле со нив.

Денес ќе има меморијална служба за Диого и Андре, додека погребот ќе биде утре.

detali-za-tragichnata-smrt-na-diogo-zhota-ne-beshe-pijan-trgna-so-avtomobil-bidejkji-ne-smeeshe-da-leta-poradi-operacija-02.JPG

Во меѓувреме, јавноста, фановите и колегите се збогуваат од Диого. Се огласи и менаџерот на Ливерпул, кој изрази сочувство за смртта на фудбалерот и брат му.

„Што да кажам? Што може да каже кој било во ваков период, кога шокот и болката се толку силни? Сакам да имав зборови, но немам. Сè што имам се чувства што сите ги споделуваме за една личност и играч што го сакавме многу…

Последен пат кога зборувавме, му честитав на Диого за победата на Лигата на нациите и му посакав среќа за свадбата. На многу начини, ова беше лето од соништата за Диого и неговото семејство, што го прави уште потрагично бидејќи требало да заврши вака“.

detali-za-tragichnata-smrt-na-diogo-zhota-ne-beshe-pijan-trgna-so-avtomobil-bidejkji-ne-smeeshe-da-leta-poradi-operacija-9.JPG

Стадионот Anfield во Ливерпул веќе е претворен во меморијал за Диого и бројни фанови оставаат цвеќе, дресови, фудбалски топки… И знамето на Ливерпул пред стадионот е пуштено на пола копје.

И Вимблдон им дозволи на играчите да го прекинат строгиот дрес код – доколу сакаат, можат да носат црна лента на раката за да изразат сочувство. Инаку, играчките на тенискиот турнир можат да носат само бело.

Од Ливерпул споделија дека во знак на почит кон семејството на Диого, засега нема да коментираат ништо.

Но, по барање на фановите, клубот изјави дека ќе го повлечат дресот со број 20 – бројот на Диого. Односно, во иднина, ниту еден играч нема да го носи тој број.

detali-za-tragichnata-smrt-na-diogo-zhota-ne-beshe-pijan-trgna-so-avtomobil-bidejkji-ne-smeeshe-da-leta-poradi-operacija-0.JPG

Со емотивна објава, и Кристијано Роналдо му одаде почит на соиграчот со кого го освоија трофејот во Лигата на нации.

„Нема смисла. Пред малку бевме заедно во националниот тим, пред малку се венча. До твоето семејство, твојата сопруга и деца, им изразувам сочувство и им ја посакувам целата сила на светот. Знам дека секогаш ќе бидеш со нив.

Почивајте во мир Диого и Андре, ни недостасувате на сите“.

Прочитајте и: Се запознале на 16 години, се венчаа 11 дена пред да загине: Љубовната приказна на Диого Жота и сопругата заврши трагично

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
Во сообраќајка загина фудбалерот Диого Жота (28), две недели по свадбата со љубовта од детството До несреќата, наводно, дошло поради пукање на гума на возилото, по што тоа излет...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Погребан Диого Жота - Сопругата облечена во бело, бдението се одржа во црквата каде се венчаа пред 2... Вдовицата на фудбалерот на погребот дојде облечена во бело - боја која го слави ...
Заработуваше милиони уште пред да наполни 30: Колкаво наследство им остави Диого Жота на трите деца ... Диого Жота брзо се истакна како фудбалер и до трагичната смрт имаше заработено н...
Кристијано Роналдо за смртта на Диого Жота: „Бев со Џорџина кога дознав, плачев многу, но не се каам... Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) и неговиот брат Андре (26) загинаа во соо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg