Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна поврзаност?
- Детали
- недела, 27 јули 2025
Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, држејќи ја гордо за рака својата баба Фатима. Фудбалерот имал 3 години кога неговите родители се развеле, а баба му ја презела грижела за него.

18-годишниот Ламин Јамал потпиша договор со Барселона, кој ќе важи до 2031 и во следните 6 години тој ќе го носи дресот со бројот 10.
Иако во клубот сè било подготвено за потпишувањето, тој го одложил моментот на претставување на новиот дрес и обелоденување на договорот, затоа што со него не била неговата баба Фатима.

Ги прифатил условите зад затворени врати (дури и клаузулата дека за раскинување на договорот новиот клуб ќе мора да плати 1 милијарда евра), а неколку недели потоа дошол во клубот за и официјално да биде претставен неговиот нов дрес и да бидат откриени деталите од договорот.
Но наместо со менаџери и „големи фаци“, тој дошол со семејството, држејќи ја гордо за рака својата баба.

Фатима е мајка на таткото на Ламин.
Младиот фудбалер имал само 3 години кога неговите родители се развеле, а баба му била таа што се грижела за него додека бил дете.

Таа му била и најголема поддршка во фудбалската кариера уште додека бил дете и постојано го бодрела и туркала напред.
Својата љубов и благодарност, фудбалерот ја покажа така што ја зеде со себе на најважниот ден во својата досегашна кариера.
