Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна поврзаност?
Што знаеме за бабата на Јамал?
Таа си заминала од Мароко во 1990 година, без сопругот, скоро без пари, но со своите 5 деца и се преселила во Барселона.
Иако била сама, не ѝ требало долго да најде работа и да почне да се грижи за фамилијата.

Почнала да работи во дом за стари лица, па со семејството се преселила во областа Рокафонда.
Таму живее и денес.

Иако Ламин заработува одлично и неодамна купи голема куќа, таа не сака да се пресели кај него и покрај сите убедувања, ниту пак сака да ѝ купи помала куќичка.
Вели дека е среќна во маалото во кое живее преку 30 години, каде што ги израснала децата, но и своите 24 внуци.

Јамал, пак, секогаш кога ја посетува, бара од неа да му направи омлет - омиленото јадење од времето кога бил дете.
Баба Фатима често оди со него и на натпреварите и го бодри од трибините. Многумина тврдат дека таа му е најголем фан, поголем дури и од неговите родители.

Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело
