Фудбалер на Арсенал исмеан поради крупната сопруга: „Богат е и згоден, може тој и подобро од неа“
По бројните коментари, навреди за нејзиниот изглед и лажни гласини, Лорен се повлече од јавноста за да се заштити себеси и своето семејство, ги избриша сите фотографии од својот Инстаграм профил и го ограничи контактот со медиумите.

Иако поголемиот дел од времето живеат прилично затворен живот, подалеку од очите на јавноста, Лорен и Деклан се појавија заедно на некои настани - на свадбата на Џарод Бовен и Дани Даер, што е една од ретките прилики кога се видени заедно.

Пријателите и извори блиски до двојката велат дека насилното однесување на интернет-корисниците оставило траен емотивен белег врз Лорен.

Откако ги избриша фотографиите, избегнува споделување нови фотки, не сака да биде во фокусот на медиумите, избегнува настани каде што би можела да е фотографирана.

Деклан, пак, во една пригода рекол дека Лорен е реалистична, забавна, убава и љубезна личност.

Ова го покажа и со своето однесување додека беа на одмор, кога на папарацо фотките може да се види како ѝ помага да ја соблече мократа маица и се навалува да ја бакне.


А. Ј. | Црнобело
