Мараја Кери ја пее Volare, Валентино Роси вози трамвај - спектакуларно отворање на Зимската олимпијада во Италија
- Детали
- петок, 06 февруари 2026
Свеченото отворање за Зимската олимпијада 2026 во Милано и Кортина изгледа спектакуларно - посветено е на италијанската култура, модата, Џорџо Армани...

Вечерва на стадионот Сан Сиро во Милано и во Кортина, почна свеченото отворање на Зимските олимписки игри, кои се првите во историјата што официјално се организираат во два града.

Свеченото отворање изгледа спектакуларно - посветено е на италијанската култура, модата, Џорџо Армани...
И само што почна да се раскажува приказната за Италија, како домаќин на овие Игри, на сцената се појави Мараја Кери.
Како визија во бело и асоцијација на зимата и снегот, таа ја испеа популарната Volare ("Nel blu, dipinto di blu").
Брзо по неа, во кадарот се појави и легентарниот мото тркач Валентино Роси, но овој пат во улога на возач на трамвај.
Италијанската химна, пак, ја испеа Лаура Паусини.
На овие олимписки игри, Македонија првапат во историјата ќе има четворица учесници: Јана Атанасовска, Виктор Петков, Ставре Јада и Ана Цветановска.
Погледнете го нивното дефиле:


