Олимписките медали се распаѓаат, бронзените чинат помалку од 2 кафиња во Скопје - Скандал во Италија
- Детали
- четврток, 12 февруари 2026
Не помина ни една недела од почетокот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, а неколку спортисти веќе се пожалија дека нивните олимписки медали се распаднале.

Олимписките медали треба да бидат највисока спортска чест, награда за макотрпната пожртвуваност низ годините.
Но, за многу освојувачи на медалите во Милано и Кортина, реалноста е поинаква, затоа што нивните медали се откачуваат од врвката, односно, велат, „се распаѓаат“.
И ова им предизвикува чувство на лутина и гнев, па многумина и јавно ги покажаа своите „скршени“ медали.

Ова е втор поголем скандал со медалите, откако околу 220 спортисти побараа да им бидат заменети медалите по Летната олимпијада во Париз 2024.
На претходните игри повеќето медали р’ѓосуваа и ја менуваа бојата, а сега се откачуваат и паѓаат.

Колку чинат олимписките медали?
Во споредба со Олимписките игри во 2024 година, цените на скапоцените метали се зголемија повеќе од двојно, па златните и сребрените медали што се доделуваат во Италија се најскапите во историјата.
Но, тоа не е случајот со бронзените.
Бронзените медали се состојат од приближно 420g бакар, а нивната нето материјална вредност е само 4,18€, што е околу (или помалку од 2 кафиња во скопски локал, нормално, зависно од тоа што ќе порачате).
Бронзата не е скапоцен метал, туку легура, која се состои од најмалку 60% бакар, често измешан со други метали како што се калај, алуминиум или олово, што значи дека не содржи никакви скапи скапоцени метали.

Сребрениот медал се состои од околу 500g чисто сребро и има материјална вредност од 1136,21€.
Златниот медал е направен од сребро во неговото јадро, а потоа е покриен со злато, а неговата вредност е 1818,55€.
Во споредба со Олимписките игри во 2024 година, цените на скапоцените метали се зголемија повеќе од двојно, па во Париз материјалната вредност на златниот медал беше околу 730 евра.

