Олимписките медали се распаѓаат, бронзените чинат помалку од 2 кафиња во Скопје - Скандал во Италија
Спортистите се жалат на медалите што се распаѓаат
Американската скијачка Бризи Џонсон, која освои злато во спуст, уште на пресконференцијата дојде без медалата на градите, туку ја носеше во џеб.
Таа покажа дека кругот се одвоил од брендираната лента.
Медалата му падна од градите и на германски претставник во биатлон кој скокаше и се радуваше што носи медала околу вратот, но и шведска скијачка која освои сребро во скијатлон.
И тие се само дел од оние кои пријавија проблем со медалите.
Истрага на организаторите
Шефот на олимпискиот организационен тим, Андреа Французи, пред неколку дена соопшти дека се свесни за ситуацијата и дека почнале да испитуваат која е причината што медалите се одвојуваат од врвката.
Брзо потоа организаторите изјавија дека го откриле проблемот и дека е решен, а дека сите чиишто медали се скршиле или откачиле, ќе добијат нови.

„Проблемот е поврзан со врвката на медалот. Имено, на врвката е поставен безбедносен механизам за автоматско отклучување, пропишан со закон, за да се спречи задушување на спортистите, во случај медалот да се повлече силно“, рекол портпаролот на организацискиот комитет, Лука Касас, по соработката со Државната кованица за пари, која ги произвела медалите.

Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело
