Детали за несреќата во која загина екс-голман на Арсенал - воз го влечел автомобилот неколку метри, преминот бил необезбеден
- Детали
- петок, 17 април 2026
На железничкиот премин во кој загина Алекс Манингер бил поставен знак „стоп“, а полицијата испитува дали бил изграден според прописи - што знаеме за несреќата на голманот на Арсенал и Јувентус?

Фудбалските фанови на Арсенал и Јувентус, се простуваат од поранешниот голман Александар Алекс Манингер, кој загина вчера (16.04) во сообраќајна несреќа.

Тие пред стадионите на клубовите во кои бранеше 48-годишниот голман, оставаат цвеќиња и палат свеќи во негова чест.
Менингер прерано го загуби животот во трагична несреќа која се случила околу 8:30 часот, во општината Нусдорф ам Хаунсберг, близу Салцбург.

Локален воз со околу 25 патници удрил во автомобилот кој го возел Манингер и го влечел неколку метри по пругата.

Патниците и машиновозачот се неповредени.

Според командантот на Доброволното противпожарно друштво во Нусдорф, Матјас Ганисл, судирот се случил на мал, технички необезбеден железнички премин.
