Популарни, згодни, успешни - Кои се сопругите и девојките на фудбалерите што ќе играат на Светско 2026?
- Детали
- сабота, 13 јуни 2026
Помина времето кога партнерките на фудбалерите беа познати само поради врската со спортистите - денес тие се и успешни психолози, новинарки, пејачки и инфлуенсерки кои сами привлекуваат милионска публика. А најпозната е - Џорџина Родригез.

На 11 јуни почна Светското првенство во фудбал, кое ќе трае до 19 јули, а ќе се игра во САД, Мексико и Канада.
И додека фудбалските фанови се подготвуваат за најголемиот спортски спектакл оваа година, и навиваат за своите фаворити, има и такви кои повеќе ги интересира кои се поубавите половини на славните играчи - жените и девојките, познати како WAG’s (wives and girlfriends) што се покрај нив и ги бодрат со години.
Дел од нив се успешни претприемачки, инфлуенсерки, пејачки или на некој начин вклучени во јавниот живот, и имаат успешни кариери, но сепак се неизоставен ден од фудбалскиот свет.
Ова се најпопуларните, најзгодните и највпечатливи сопруги или девојки на фудбалерите кои ќе настапат на СП2026:
Џорџина Родригез, свршеница на Кристијано Роналдо
Свршеницата на Роналдо, Џорџина Родригез, е веројатно најпознатата WAG во светот.
Нивната приказна почна во 2016 година кога таа работеше во продавница на Gucci во Мадрид.
Денес таа е глобално влијателна претприемачка, модел и ѕвезда на сопственото реално шоу „Јас сум Џорџина“, на Нетфликс.

Антонела Рокуцо, сопруга на Лионел Меси
Љубовната приказна на Лионел Меси и сопругата Антонела започна во нивното детство во Росарио, Аргентина.
Се венчаа во 2017 година и имаат три сина.
Денес, Антонела е успешна инфлуенсерка и амбасадорка на бројни модни и хуманитарни проекти, и се смета за една од најследените жени на Инстаграм во Латинска Америка.

Вања Модриќ, сопруга на Лука Модриќ
Иако се држи подалеку од медиумите, Вања Модриќ е најголема поддршка и најважна личност во животот на капитенот на хрватската репрезентација.
Тие се запознале додека таа работела во спортската агенција „Мамиќ спорт“, а се венчаа во 2010 година.
Двојката има три деца и е позната по тоа што го чува својот приватен живот подалеку од очите на јавноста.

Изабел Хаугсенг Јохансен, партнерка на Ерлинг Халанд
За разлика од многуте партнерки на фудбалерите, Норвежанката Изабел Хаугсенг Јохансен не гради кариера на социјалните мрежи.
Таа и Ерлинг Халанд се познаваат уште од детството, кога тренирале заедно во младинскиот центар на клубот „Брајн“.
Нивната врска станала позната дури откако Халанд стекна светска слава.
Парот доби син во 2024 година.

Мишел Лакроа, сопруга на Кевин де Бројне
Сопругата на белгискиот играч Кевин де Бројне, Мишел Лакроа, е многу активна на социјалните мрежи и редовно го следи својот сопруг на големите натпреварувања.
Тие се венчаа во 2017 година, а имаат три деца.
