Горат факели, илјадници луѓе блокираат улици - Еуфорична прослава во Босна (и регионот) откако се пласираа меѓу 16 најдобри на Светско
- Детали
- четврток, 25 јуни 2026
Во Сараево и Тузла имаше колапс во сообраќајотот - илјадници луѓе на улиците слават, пеат, горат факели за историскиот пласман на Босна и Херцеговина во втората фаза на Светското првенство во фудбал, а „гореше“ и во неколку европски градови и САД, каде што се славеше до зори.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина испишува историја на ова Светско првенство во фудбал.
Откако ја исфрлија Италија во квалификациите, „Змејовите“ ја завршија групната фаза на 3 место во групата, и како една од осумте најдобри третопласирани држави, одат понатаму, во следната фаза од првенството.

А ова беше причина за еуфорична прослава не само во земјата, туку и во регионот.
Во Сараево, Тузла и другите босански градови се случи колапс во сообраќајот - илјадници луѓе на улиците славеа, се пееше, гореа факели.

Се славеше и низ Европа каде што има босански иселеници, но и во САД, каде што околу 30.000 Босанци, во сино-жолти маички ја бодрат репрезентацијата на стадион и во околните кафулиња, ресторани, фан зони.
Ова е најголем успех во историјата на Босна и Херцеговина, која предводена од капитенот Един Џеко, но и херојот на мечот, 18-годишниот Керим Алајбеговиќ, ја доведоа земјата до 16-те најдобри во светот.
Босна се пласира во следната фаза со победата од 3:1 против Карат, но пласматот го потврдија дури откако Бразил ја победи Шкотска.
Босанските медиуми за цело време споделуваа видеа и од атмосферата на стадионот, од еуфоричната прослава на историскиот пласман, а според нив, по враќањето на „Змејовите“ во државата, ќе се организира прослава која ќе трае цели 7 дена.