Фудбалската федерација на Македонија официјално го пушти во употреба најмодерниот терен со вештачка трева во општина Велес

Фудбалската федерација на Македонија со поддршка од УЕФА и „хет трик“ програмата за развој, а во соработка со институциите, денеска во општина Велес официјално го пушти во употреба, најмодерниот и најквалитетниот фудбалски терен со вештачка трева, дел од проектот за поставување  на десет  фудбалски терени со вештачка трева во различни општини во Македонија.

fudbalskata-federacija-na-makedonija-vo-opstina-veles-oficijalno-go-pusti-vo-upotreba-najmoderniot-teren-so-vestacka-treva-01.JPG

На свеченото отворање присуствуваше  претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски, Претседателот на ФФМ, г-дин Илчо Ѓорѓиоски, Градоначалникот на општина Велес, г-дин Славчо Чадиев и бројни љубители на фудбалот.

- Желбата на Фудбалската федерација на Македонија е заедно со Владата на РМ и локалната самоуправа да ја подобри спортската инфраструктура. Сигурни сме дека вложувањето во инфраструктурата повторно ќе ги врати љубителите на спортот на нашите натпревари и ќе овозможи да поставуваме нови цели кои ќе не водат до успех, на фер-начин и со вистински вредности.  Сакаме да им помогнеме на сите, нашата цел е да направиме заеднички напори и вложувања, а сето она што се работи во европските фудбалски центри, мора да се направи и во Македонија. Ова е голем чекор да направиме куќа со вистински темели.

Без оглед што ФФМ мора да води грижа за бројните репрезентации, никогаш нема да се измориме од давањето поддршка, материјална и секаква друга во сите средини во Македонија. Со поддршка од Уефа, ФФМ е способна да реализира важни проекти за македонскиот фудбал, од изградба на инфраструктура до едукација на тренери, фудбалски работници и навивачи. Со помошта од Владата на РМ, со поддршката од општините можеме да осигураме убава иднина за нашиот спорт, посебно на најмладите категории бидејќи фудбалот од најмали нозе е изворот на идниот македонски фудбал, изјави Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Свое обраќање на свеченоста имаше и Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски кој го поздрави проектот за инсталација на 10-те терени со вештачка трева на територија на државата и истакна дека заложба на Владата на РМ е да се создадат услови за активно вклучување на младите во спортски активности во целата држава. Како докажан спортски пријател, Претседателот на владата на РМ изрази надеж дека овие инфраструктурни подобрувања ќе бидат чекор плус во насока да ги оствариме заедничките цели, децата и младите да се посветат на спортот и здравите вредности.

10-те фудбалски терени со вештачка трева, се дел од соработката на Фудбалската Федерација на Македонија, Владата на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт,  локалната самоуправа како и на програмата за развој на УЕФА.

Тревната подлога поставена на главниот терен на стадионот во Велес е работен според највисоките критериуми на Уефа и ги исполнува условите да биде домаќин на сите репрезентативни и клупски тимови.

fudbalskata-federacija-na-makedonija-vo-opstina-veles-oficijalno-go-pusti-vo-upotreba-najmoderniot-teren-so-vestacka-treva-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Илина Соколовска првпат ја носи Македонија на Светско првенство по ритмичка гимнастика Илина Соколовска, успеа да ги освои потребните бодови и ја носи Македонија на Св...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата? Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година ...
Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кук... „Не беше среќен ни во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе п...
„Ме силуваа 2 недели пред да освојам злато во Пекинг“ - Параолимпијка откри зошто се парализирала пр... „Однадвор бев успешна спортистка која освојува сè што може да се замисли, но збо...

Најчитани неделава