Трилер во африканското финале, Шихан го предизвикува Шервуд

Ливај Шервуд остана на пет поени предност во однос на Џош Шихан во пресрет на финалната трка од светското првенство на Red Bull X-Fighters, која ќе се одржи пред седиштето на владата познато како „Згради на Унијата“, каде што воедно и самото натпреварување ќе го прослави својот педесетти настан по креирањето во 2001 година.

triler-vo-afrikanskoto-finale-sihan-go-predizvikuva-servud.jpg

ПРЕТОРИЈА, Јужна Африка – Ливај Шервуд од Нов Зеланд и Џош Шихан од Австралија ќе си ги одмерат силите во она што би требало да биде епска битка за освојување на титулата во четиринаесеттата сезона во првенството кое завршува на 23 август. Финалето на сезоната во 2014 година воедно ќе биде и педесетта трка во историјата на ова натпреварување кое започна во 2001 година, а ќе се одржи пред палатата на Претседателот на Јужна Африка, која стана славна при инаугурацијата на Нелсон Мандела во 1994 година.

„Забревтаниот“ Џош Шихан победи на последната трка во Минхен и стана третиот победник во трка оваа сезона, со што му се доближи на водечкиот Ливај Шервуд на само пет поени. Шихан, кој притиска да стане првиот шампион во ова натпреварување од Австралија, ги освои срцата на публиката во Минхен и Мадрид (каде што беше второпласиран зад Томас Паже), со совршена изведба на двојното салто наназад, фигура од која „крвта се мрзне“.

Шервуд е шампион од 2012 година и има најмногу победи во историјата на ова натпреварување, дури осум, од кои две се освоени на почетокот на сезоната во Мексико Сити и Осака, Јапонија. На последните две трки тој два пати едно по друго е третопласиран и стигна до 265 поени, додека Шихан, па оној што ќе заврши на подобра позиција во последната трка ќе ја освои титулата.
                                                                                                              

- Пет поени не се големо водство пред последната трка. „Шини“ навистина се погрижи да ја направи сезоната интересна,- изјави Шервуд.

Доколку ја освои титулата, Шервуд ќе стане вториот возач во историјата на првенството кој би имал две титули, по Нејт Адамс кој беше шампион во 2009 и 2010 година. Red Bull X-Fighers е најпрестижното светско првенство за мотокрос слободен стил, каде што возачите летаат до 15 метри во височина и 30 метри во должина. Сезонава имаше пет трки на четири континенти, а од почетокот во Валенсија во 2001 година, посетени се 21 локација низ 16 земји на шест континенти, за сега да се стигне до јубилејната педесетта трка во Преторија, Јужна Африка.

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
„За мојот народ“ - Македонецот Горјан Славески е новиот светски шампион во борби без ракавици Македонскиот боксер Горјан Гого Славески е новиот светски шампион во борби без р...
Секоја чест! Македонката Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу Македонија има убави вести за славење, нашата Катерина Ацевска го освои сребрени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg