Партнерство на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со Спортскиот клуб „Вардар“

На денешната заедничка прес-конференција, Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија и спортскиот клуб „Вардар“ го официјализираа договорот за партнерство.

partnerstvo-na-makedonski-telekom-i-t-mobile-makedonija-so-sportskiot-klub-vardar-01.jpg

Со свеченото потпишување на договорот, играчите на трите клуба - машкиот и женски ракометен клуб „Вардар“ и Фудбалскиот клуб „Вардар“ ќе го носат знакот на светски реномираниот бренд.

Задоволството од соработката со клубот „Вардар“, го изрази главниот извршен директор на  Т-Мобиле Македонија, Жарко Луковски, истакнувајќи дека поддршката ќе биде присутна на сите настапи на домашните и странски лиги на клубовите на Вардар. „Наша заедничка цел е да  овозможиме што подобри услови за врвни спортски резултати“ истакна г. Луковски.

„Заедно со Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија денес отвораме нови страници за Спортскиот клуб Вардар. Поддршката на  брендот кој е препознатлив насекаде во светот ќе ни даде дополнителен поттик за успех, како на домашните така и на странските терени“ истакна извршниот директор на ракометните клубови – г. Давор Стојаноски.

„Фудбалскиот клуб „Вардар“ уште од 1947 година го понесе името Вардар и го врежа во историјата на македонскиот спорт. Пред него претстои нова иднина, многу натпревари пред домашната и интернационалната публика“ – истакна г. Самоил Симев – извршен директор на Фудбалскиот клуб „Вардар“.

На настанот беа присутни претставници на играчите на трите спортски клуба на Вардар, а воедно беа најавени и следните спортски настапи на клубовите на Вардар.

partnerstvo-na-makedonski-telekom-i-t-mobile-makedonija-so-sportskiot-klub-vardar-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
Шаховскиот клуб АЛКАЛОИД ќе учествува на Светскиот сениорски екипен шампионат за ветерани за 2023 го... Најсилното шаховско натпреварување за сениори/ветерани во светот, чија организац...
Златан Ибрахимовиќ со солзи во очите се пензионира од фудбалот, сопругата ја брише размачканата шмин... „Кога се разбудив утрово и видов дека врне си помислив: ‘Дури и Бог тагува’“ – р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg