Безбедноста е најважна: ФФМ на семинар со делегатите од Првата и од Втората лига

Одделот за натпреварување во Фудбалската федерација на Македонија на помалку од три седмици до почетокот на пролетниот дел од првенствата во Првата и во Втората македонска фудбалска лига, во хотелот „Континентал” организираше работен состанок со делегатите, на кој главни теми беа  безбедноста, заштитата на интегритетот на натпреварувањето и координацијата на сите засегнати страни, вклучително и судиите.

bezbednosta-e-najvazna-ffm-na-seminar-so-delegatite-od-prva-i-od-vtora-liga-01.jpg

Посебно внимание беше посветено на  борбата против наместените натпревари, улогата на делегатите во спречувањето на таквите тенденции и координацијата со останатите овластени институции. Во делот на безбедноста беше опишана улогата на делегатот во  активностите против насилното однесување како и расистичко, национално навредување односно скандирање на трибините. Се истакна важноста и на комуникацијата меѓу и делегатот, на нивната синергија и заедничка улога во случај одреден натпревар да треба да се прекине. Делегатите активно се вклуција во дискусија со поставување на конструктивни прашања, а едно од тие беше и воведувањето на 6 судии т.е двајца дополнителни на натпреварите со висок ризик, односно на барем еден на натпревар од секое коло од Прва МФЛ.

Претседателот на комисијата на натпреварување, Васко Дојчиновски, даде осврт на досегашниот дел од првенството, ги посочи клучните обврски на делегатите на натпреварите и ги образложи инструкциите за прекин на натпревар од било која причина. Обрна внимание и на соработката на ФФМ и МВР заедно со комесарите за безбедност од Прва и Втора МФЛ.

„Делегатите на натпреварите се важен дел од натпреварувањето, еден вид продолжена рака на Одделот за натпреварување во ФФМ. Свесни сме дека без добра комуникација и синергија не можеме да оствариме напредок кој е цел на сите нас. Не радува тоа што сите официјални лица проактивно се вклучија во разговорите на состанокот, постои очигледен интерес и желба на ваков начин да помогнеме во развојот на македонскиот фудбал. Совршени решенија кои ќе ги задоволат сите не постојат, но сите се стремиме да ги поддржиме најдобрите можни решенија и прописи од кои сите ќе имаме корист”, вели Васко Дојчиновски.

bezbednosta-e-najvazna-ffm-na-seminar-so-delegatite-od-prva-i-od-vtora-liga-02.jpg

Во делот за безбедноста говореа претседателот на комисијата за безбедност, Зоран Саздов и одговорното лице за интегритет, Роберт Марковиќ. Делегатите беа информирани за сите превентивни, организациски мерки и активности кои треба да ги превземат за натпреварите.

Емил Божиновски, претседателот на комисијата за судии на ФФМ објасни на кој начин ќе се одвива координацијата на работата на судиите пред, за време и после натпреварите.

Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Девојка заврши со скршен нос откако Мбапе ја удри со топка - тој истрча да ѝ помогне,... „Му станува навика да ги крши носовите на обожавателите“ – коментираат дел од тв...
Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина Грчкиот главен град Атина викендов ќе биде домаќин на првиот турнир од Светската...
Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Му праќал пораки дека сака да го гледа на US Open: 6-годишниот Рики од САД е најголем фан на Новак Ѓ... „Здраво Рики, ја имаш најубавата насмевка на светот“ – му порача Новак Ѓоковиќ н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg