Скопје - домаќин на квалификацискиот турнир за Европското футсал првенство

Да ја бодриме нашата футсал репрезентација, за историски пласман на големо првенство!

skopje-domakin-na-kvalifikaciskiot-turnir-za-evropskoto-futsal-prvenstvo-01.jpg

Македонските спортски репрезентации се почесто ги гледаме на завршните турнири на европско и светско ниво. Во таа ситуација може да се најде и Македонската А футсал репрезентација.

Имено, станува збор за Европското првенство во футсал, чија квалификациска група 2 ќе се одигра токму кај нас, во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Освен домашниот терен, шансите за пласман ги зголемува и поволниот ждреб на противниците: тимовите на Унгарија и Швајцарија како конкурентни противници, и бронзениот тим на Шпанија од последното европско првенство – како дополнителна атракција.

Првиот меч го играме со Унгарија, на 18 март. Нашата цел е победа над овој тим, и на тој начин да обезбедиме најмалку учество во бараж турнирот на европското првенство. Тимот е во добра форма која што ја докажа со последните две победи над репрезентацијата на Грузија, која што по квалитет е блиска до ранкот на Унгарија. Тоа што и преостанува на нашата селекција е дополнителна мотивација. За тоа се потребни навивачите, а Македонците тука се одлични, и доколку би постоело Европско првенство во навивање, сигурно би се пласирале на финалните турнири.

Ако се уште се двоумите, уште некој збор два за малиот фудбал и што има тој да понуди за гледачите во живо: многу повеќе динамика, голови и атракции за разлика од поголемиот негов брат.

Причина плус за посета на овие натпревари е и можноста безгрижно да ги понесете и припадничките од понежниот пол, како и најмалите, затоа што не сте изложени на милоста на временските услови - се наоѓате на топло и суво, во удобноста на нашите современи сали, каде што се изиграле голем број на историски мечеви на кои вие најверојатно веќе и сте присуствувале.

Само потсетете се на доживувањето, и тоа нека ви биде поттик повеќе за  присуство на овој одличен спортски настан во живо. Се гледаме на 18 март!

skopje-domakin-na-kvalifikaciskiot-turnir-za-evropskoto-futsal-prvenstvo-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија оди на Светско! Ракометарите десетти пат се изборија за пласман за најголемото натпревару... Македонската ракометна репрезентација повторно нè направи горди! Момците на Кире...
Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула! Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот ост...
Нашата скијачка Јана Атанасовска не ја заврши трката во слалом на Олимпијадата 2026 „По идентичното сценарио од велеслаломот пред неколку дена, Јана направи грешка ...
Растура на Светско, го нарекуваат „викинг“: Кој е норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд, што стана хит м... Ерлинг Халанд веќе важи за најдобриот фудбалер од Норвешка, но благодарение на С...

Најчитани неделава