Физичката активност - инспирација за посреќен и поздрав живот

Според податоците на Светската здравствена организација, околу 80 насто од тинејџерите во светот не се доволно физички активни. Препорачаните 60 минути физичка активност во текот на денот за младите на возраст до 17 години, често се заменува со седење пред компјутер, играње видеоигри, муабетeње преку социјалните мрежи и сл.

fizickata-aktivnost-inspiracija-za-posreken-i-pozdrav-zivot_02.jpg

Редовната физичка активност овозможува многубројни здравствени придобивки, особено ако навиките за нејзино практикување се стекнат уште од рана возраст.

Физичката активност е најважната работа во одржувањето здрав баланс меѓу внесените и потрошените калории, односно постигнувањето добар баланс на енергија. И со најмалата активност, како што е долгата прошетка, играњето во школскиот двор, активното дружење со милениче или одењето пеш до училиште се трошат калории.

Водејќи се токму од желбата на децата да им го доближи концептот на добар баланс на енергија, Coca-Cola и Пивара Скопје, во соработка со организацијата Отворени забавни фудбалски школи, четврта година по ред го организираат популарниот фудбалски Куп на Coca-Cola. Цел на проектот е создавање љубов кон спортски и други физички активности кај младите како основа на здрав и исполнет живот.

Просечниот број калории кои еден тинејџер треба да ги потроши во текот на денот зависи од неговите физички активности и храната што ја консумира. Ако бројот на внесените и потрошените калории во текот на денот е еднаков, се постигнува правилен баланс на енергија и добра физичка кондиција.

Младите фудбалери се „машини“‘ за горење калории. Еден просечен млад играч на фудбал за време на играта трча меѓу 3 и 6 километри, а трчањето е одличен начин за согорување калории. Ако на тоа се додаде чистиот воздух, смеата, забавата и дружењето со пријателите, Coca-Cola Купот е одлична платформа преку која на децата им се пренесуваат здрави животни навики.

Годинава во Кока-Кола Купот учествуваат 2000 ученици од 150 основни и средни училишта од 18 општини од Македонија, што е рекорден број досега. Од почетокот на Купот во 2012 па сè до денес, активирани се над 5.200 млади луѓе. Купот започна минатата недела и до финалните натпревари на 30 мај ќе се одиграат голем број натпревари низ цела Македонија.

fizickata-aktivnost-inspiracija-za-posreken-i-pozdrav-zivot_01.jpg

Би можело да ве интересира:

Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
Перо Антиќ се врати во Атланта: Во клубот го пречекаа како ѕвезда, се дружеше со Богдан Богдановиќ „Перо - македонската мамба“, напишаа фановите Перо Антиќ на официјалната Инстагр...
Му праќал пораки дека сака да го гледа на US Open: 6-годишниот Рики од САД е најголем фан на Новак Ѓ... „Здраво Рики, ја имаш најубавата насмевка на светот“ – му порача Новак Ѓоковиќ н...
Вирално видео: Девојка заврши со скршен нос откако Мбапе ја удри со топка - тој истрча да ѝ помогне,... „Му станува навика да ги крши носовите на обожавателите“ – коментираат дел од тв...
Златан Ибрахимовиќ купи црква, Дидие Дрогба – рудник за злато: Како фудбалерите ги трошат милионите? Кристијано Роналдо сака скапи автомобили и часовници, Вејн Руни има страст за ко...
„Сè уште е тука и не ми недостасува“ – Пријателот на Михаел Шумахер зборува за неговата здравствена ... „Михаел е тука, па не ми недостасува. Неговиот живот сега е сосема поинаков и ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg