„Големата тројка“ го освои подиумот во Тексас

Светската серија Red Bull Cliff Diving ја имаше својата трета станица од календарот, каде што најуспешните претставници од овој спорт се покажаа во најдобро светло и покрај изменетата програма под влијание на временските околности. Годинешниот трет настан беше одржан со ревидирана саатница поради можноста за влошување на временските услови во регионот.

golemata-trojka-go-osvoi-podiumot-vo-teksas-01.jpg

Со две „десетки“ од судиите, Англичанецот Гери Хант стигна до највисокиот бодовен резултат во целото натпреварување и ја забележа третата победа во низа со личен рекорд од 533,90 поени на натпреварувањето во Тексас. Притоа на подиумот се најдоа уште Колумбиецот Орландо Дуке и Русинот Артем Силченко, обајцата победници во 2009 и 2013 година од 27 метри издигнатата платформа.

Наспроти победничкиот хет-трик на очигледно незапирливиот 30-годишен Гери Хант, легендарниот Орландо Дуке од Колумбија исто така го забележа третиот пласман на подиум во низа, освојувајќи 478,70 поени од судиите за скокот од „Портата на пеколот“, со што  ги израмни сметките за потфрлувањето од минатата сезона, кога поради грешка во изведбата на еден од скоковите заврши на дното од табелата. Подиумот го комплетираше Русинот Артем Силченко со 466,90 поени, кој го совлада Американецот Енди Џонс во директна пресметка со многу мала разлика и во последната серија на скокови го подобри својот пласман од седмо на трето место, благодарение на перфектната изведба на скокот со стоење на раце како почетна позиција и салто наназад.

- Термините се менуваа, но мене тоа ми одговараше. Едно од нештата кое го сакам кај овие скокови е дека не е толку стегнато. Мораш да бидеш флексибилен, и расположен да нуркаш дури и кога не си сто отсто подготвен. Навистина сум среќен што се изборив и што имав добри изведби тука. Денеска условите беа совршени, иако тоа звучи чудно бидејќи сите ние зборувавме толку многу за временските околности. Ми се допаѓа тука и го постигнав највисокиот резултат на овој настан. Не знам зошто е тоа така, но температурата е соодветна, а водата е добра, и изгледа дека сето ова дојде во време кога сум во полна форма. Малку сум разочаран бидејќи не преминав над 540 поени бидејќи се обложив на тоа со Артем. Тој прв ја проби границата од 530 поени, па затоа го подигнавме облогот на 540 и мислев дека можам да го добијам тука. Три победи од три натпреварувања е старт на каков што се надевав, но во мојата кариера имав и четири победи во низа, во 2010 година, па ќе се обидам да го подобрам тоа постигнување,- најави победникот Хант.

По отворањето на сезоната во Картагена, Колумбија, на крајот од април, како и првата европска станица во францускиот град Ла Рошел пред две седмици, натпреварувањето што се одржа на „Портата од пеколот“ на езерото Посам Кингдом Лејк го исфрли на површина квалитетот на оваа група спортисти, имајќи го предвид кусиот рок за прилагодување по промената на термините а натпреварување. Од американската држава на „осамената ѕвезда“, елитата на скоковите од карпи се сели преку Атлантскиот Океан во главниот град на Данска, Копенхаген, каде што се очекуваат уште посложени скокови со нурнување при брина од 85 километри на час по пауза од три недели.

Резултати: 1. Гери Хант (Велика Британија) 533,90 поени, 2. Орландо Дуке (Колумбија) 478,70 поени, 3. Артем Силченко (Русија) 466,90 поени, 4. Дејвид Колтури (САД) 465,60 поени, 5. Блејк Олдриџ (Велика Британија) 428,00 поени, 6. Стивен ЛоБуе (САД) 421,30 поени, 7. Џонатан Паредес (Мексико) 409,15 поени, 8. Енди Џонс (САД) 300,70 поени, 9. Мигуел Гарсија (Колумбија) 277,65 поени, 10. Серхио Гузман (Мексико) 261,55 поени, 11. Кајл Митрионе (САД) 244,20 поени

 
Девојките сакаат (потешко) да се забавуваат!

Ако скоковите во машка конкуренција донесоа високи оцени, во женското натпреварување беше забележано и зголемување на степенот на тежина со силен настап на американските учесници, кои имаа победа и трето место во женска конкуренција, како и тројца спортисти меѓу првите осум во машка конкуренција.

 Натпреварот на езерото Посам Кингдом Лејк беше прво во женска конкуренција за 2015 година, а на него победи Рејчел Симпсон, актуелен шамипион во оваа серија, која воедно потекнува од тексашкиот град Сан Антонио. Таа доминираше освојувајќи 243,40 поени во натпреварувањето на десетте девојки со платформа поставена на висина од 20 метри. Зад Симпсон се најде импресивната Канаѓанка Лисен Ричард, чијшто настап беше обезбеден со „вајлд-карта“, а таа ја оправда со освојување на 222,00 поени, со што се пласираше пред Американката Џинџер Ли Хубер, која собра 213,40 поени.

 - Сè почна помалку лудо поради времето, дури не бевме ни сигурни дека ќе се натпреваруваме, па ја немаше онаа моја нормална рутина, но сакав да се прикажам во најдобро светло и да имам добар старт на сезоната, па токму тоа и го направив, поради што сум навистина, навистина среќна. Девојките го подигнуваат нивниот степен на тежина, а исто така имаме и нови девојки во натпреварувањето. Возбудливо е да се види дека сè повеќе девојки сакаат да му се приклучат на овој спорт. Мислам дека оваа година ќе имаме одлично натпреварување, бидејќи девојките стануваат похрабри и сакаат да изведуваат повеќе егзибиции. Оваа година ќе биде возбудлива за нас зашто ни престојат уште две натпреварувања,- изјави Рејчел Симпсон по триумфот во родниот Тексас.

 Девојките ќе се сретнат повторно во средината на јули на вториот настан од женската серија, што ќе се одржи на португалските Азорски острови.

Резултати: 1. Рејчел Симпсон (САД) 243,40 поени, 2. Лисен Ричардс (Канада) 222,00 поени, 3. Џинџер Ли Хубер (САД) 213,40 поени, 4. Ана Бадер (Германија) 194,40 поени, 5. Сесилие Карлтон (САД) 187,00 поени, 6. Хелена Мертен (Австралија) 184,90 поени, 7. Тара Хиер-Тира (САД) 162,15 поени, 8. Жакелине Валенте (Бразил) 147,60 поени, 9. Адријана Хименез (Мексико) 143,50 поени, 10. Софи Брундиш (Велика Британија) 139,70 поени.

Би можело да ве интересира:

Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро Египетскиот главен град Каиро ќе биде домаќин на третиот турнир од Светската 1 П...
Каратистите на „Макпетрол” добитници на два спортски оскари Агенцијата за млади и спорт на свечена церемонија ги избра најдобрите спортисти ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg