Позитивен резултат против Исланд за добар старт на У21 квалификациите за Евро 2017 во Полска

Младата фудбалска репрезентација и официјално на 11 јуни со гостување кај Исланд ги започнува квалификациите за Евро 2017. За настап на континенталниот шампионат во Полска, Македонија ќе се бори против Франција, Украина, Шкотска, Исланд и Северна Ирска. Интересна и силна група од која првопласираниот обезбедува директен пласман, додека четирите најдобро второпласирани репрезентации ке играат дополнителен бараж за место на европскиот шампионат.

pozitiven-rezultat-protiv-island-za-dobar-start-na-u21-kfalifikaciite-za-evro-2017-vo-polska-01.jpg

„Општ впечаток е дека репрезентациите во нашата група по квалитет се изедначени, со исклучок на Франција, која е фаворит за првото место. Имаме добра генерација, и сметам дека можеат да се надигруваат со сите. Во сите натпревари ќе се бориме и ќе го дадеме нашиот максимум. Посакувам позитивен резултат против Исланд, како за почеток на квалификациите, што ќе биде мотив плус за сите нас“ - изјави селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски. До 8 јуни тимот се подготвува во Охрид, а ден потоа заминуваат за Исланд.

Дефанзивецот на францускиот Рен, Ѓоко Зајков ја посочи одличната атмосфера во селекцијата како нешто што на секој играч му дава дополнителна енергија, за да се почне со позитивен резултат на гостувањето во Хафнарфјордур на 11 јуни.

„Одлично е тоа што подготовките за натпреварот траат подолго од вообичаеното, што за нас е важно за да останеме во натпреварувачка форма. Атмосферата во тимот е одлична, ние сме семејство, тоа е нешто што му дава дополнителна енергија на секој играч во составот. Јасно е дека оваа генерација поседува квалитет, ние знаеме што сакаме и се надевам дека ќе го оствариме зацртаното, а тоа е да даваме максимум на секој натпревар и да се радуваме на позитивни резултати“, вели Зајков.

Македонија на последните пријателски мечеви, на кои оствари две победи (Црна Гора и Романија) и реми со Словенија, покажа дека има квалитет и дека може да се надигруваат со секоја селекција.

pozitiven-rezultat-protiv-island-za-dobar-start-na-u21-kfalifikaciite-za-evro-2017-vo-polska-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Илина Соколовска првпат ја носи Македонија на Светско првенство по ритмичка гимнастика Илина Соколовска, успеа да ги освои потребните бодови и ја носи Македонија на Св...
ЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом На четвртиот натпреварувачки ден, двете македонските репрезентации во Баскет 3х3...
ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула! Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот ост...
Македонското знаме повторно ќе се вее на врвот: Европскиот шампион Петар Мијалков ги стартуваше подг... По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана апсолутен ...
Македонија оди на Светско! Ракометарите десетти пат се изборија за пласман за најголемото натпревару... Македонската ракометна репрезентација повторно нè направи горди! Момците на Кире...
Пропаста на фудбалската легенда Марадона: Ја заврши кариерата поради дрога, умирал во агонија Диего Марадона почина од инфаркт, но последните денови од животот му биле ужасни...

Најчитани неделава