Врв на сезоната: Петнаесет степени под нулата на најдолгата и најисцрпувачка патека

Американецот Камерон Неш ќе се обиде да ја зголеми својата предност на третата трка од светското првенство Red Bull Crashed Ice, на природно замрзнатата патека во студената Финска, каде што започнува втората половина од сезоната во најбрзиот спорт на лизгалки. Ова ќе биде поттик за неколку европски лизгачи да го дадат својот максимум и да го сопрат Неш и доминацијата на учесниците од Северна Америка.

vrv-na-sezonata-petnaeset-stepeni-pod-nulata-na-najdolgata-i-najiscrpuvacka-pateka-1.jpg

ЈИВАСКИЛА ЛАЈИС, (Финска) – Целната линија во Финска е секогаш посебно место во светот на трките со спуст на лизгалки, бидејќи финските спортисти се меѓу најбрзите финишери. „Летечките Финци“ како Мика Јухкиманен, Арту Пилаинен и Сала Кихала завршиле први во 12 случаи од 2008 година наваму. Сепак, оваа година целната линија ќе биде специјална за учесниците ко Ice Cross Downhill бидејќи ќе претставува милосрден крај на најдолгата и најисцрпувачката патека во сезоната, долга 630 метри со висинска разлика од 66 метри.

Камерон Неш од Соединетите Американски Држави ќе се обиде да остане во водство и да ја обезбеди третата победа во низа од светското првенство Red Bull Crashed Ice, или четврта ако се гледа од крајот на минтата сезона. Ледено студениот фински град Јиваскила кој е познат и како студентски центар, се наоѓа на 270 километри северно од Хелсинки, а температурите за време на настанот се очекува да бидат 15 степени под нулата. Постојаноста на ваквите услови ја прави монструозно долгата патека во Финска да биде единствената природно замрзната, од првиот па се до седумнаесеттиот свиок, заедно со сите други попатни пречки. Победите на Неш извојувани претходно во Квебек Сити и Минхен беа на вештачки мраз.

- Потребна е постојаност и да се задржи фокусот, бидејќи сите што се на врвот оваа година се одлични,- изјави Неш кој има 2.200 поени откако успеа да освои и едно второ место во пропратниот „Riders Cup“ на трката во Франција.

vrv-na-sezonata-petnaeset-stepeni-pod-nulata-na-najdolgata-i-najiscrpuvacka-pateka-2.jpg

Втор е Канаѓанецот Дин Мориарити со 1.540 бодови, кој победи во купот, додека трет во генералниот пласман е ланскиот шампион Скок Кроксал. Тој беше деветти во Франција, но Финска лани му ја донесе првата победа во кариерата, со која што „го скрши мразот“ по 13 учества без триумф во финалните трки. Освен победата во Хелсинки, тој победи на ланскиот „Riders Cup“ одржан во Јиваскила, но и на трката во Белфаст, со што го проби патот до првата титула.

Физички супер подготвениот Неш, кој тренираше екстремно напорно минатата сезона, рече дека очекува уште една „кралска битка“ со Мориарити и Кроксал во вториот дел од сезоната, иако вториов е негов тимски колега во екипните настапи за „Living the dream“.

- Ние сме тимски колеги и добри другари, но кога ќе излеземе на патеката никој не ја посакува победата повеќе од нас. Очекувам да имаме уште многу финални трки еден против друг,- рече Неш.

Французинот Тристан Дужердил е на четвртото место во генералниот пласман, откако беше треопласиран на куп трката во Франција, а воедно е предводник на групата лизгачи од Европа: Лука Далаго од Австрија (петто место) и Швајцарците Килијан Браун (шесто место) и Џим де Паоли (осмо место), кои се надеваат дека ќе ги сопрат лизгачите од Северна Америка повторно да го запоседнат пиедесталот.

Трките во Ice Cross Downhill претставуваат тактички, физички и брзински спорт во кој четири лизгачи се спуштаат по патеката полна со пречки од типот на скалила, скокови, искачувања и свиоци, а двајцата најбрзи одат во следната рунда. Ова ќе биде трета трка во Јиваскила, а акцијата ќе започне во петок навечер (29 јануари) со трките во екипна конкуренција. 

Би можело да ве интересира:

Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро Египетскиот главен град Каиро ќе биде домаќин на третиот турнир од Светската 1 П...
Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина Грчкиот главен град Атина викендов ќе биде домаќин на првиот турнир од Светската...
Единствениот човек што сакал да ги открие деталите за Шумахер се „обесил“ во затвор Во овие 10 години сите обиди да се објават детали за здравствената состојба завр...
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg