Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тесно, напнато и возбудливо: Отворање на сезоната од авионските трки

Со конкурентен состав на пилоти кои се натпреваруваат, технички подобрувања и светска титула која што чека да биде освоена, отворањето на сезоната во Red Bull Air Race ќе претставува распламтена борба за секој метар од самиот старт.

tesno-napnato-i-vozbudlivo-otvoranje-na-sezonata-od-avionskite-trki-1.jpg

Абу Даби (О.А.Е.) - Иако по традиција отворањето на сезоната во Red Bull Air Race се случува во Абу Даби, годинешново шоу ветува дека ова ќе биде настан со „висок напон“ иако се случува по деветти пат по спектакуларната престолнина на Обединетите Арапски Емирати. Составот на пилотите е освежен со нови имиња, екипите се засилени со нови членови и нови технологии, а и самото натпреварување ќе има нов формат! Дополнително, за сите ќе биде измачување да ја гледаат испразнетата позиција на врвот, бидејќи со пензионирањето на ланскиот шампион Пол Боном, титулата веќе е во соништата на многумина од учесниците. За оној што сака да ја освои, 2016 година мора да биде сезона без изговори.

Најдобрите 14 пилоти на светот го сочинуваат составот на предизвикувачите, меѓу кои австралискиот пилот Мат Хол, кој дебитираше во 2009 година, а лани не успеа да го освои тронот за само пет поени. Тука се уште три поранешни светски прваци, како и талентираниот чешки ас Мартин Шонка, кој лани беше четврти во генералниот пласман. Двајца нови пилоти се приклучуваат во „мастер класата“, а доаѓаат од Словенија и Чешка, па трката во Абу Даби ќе претставува индикатор за тоа кој тим има ресурси за да напредува во однос на лани.

На пилотите ќе им треба секоја предност што можат да ја остварат, не само поради пламената пустинска жештина, туку затоа што победата може да зависи од неколку илјадити делови на секундата. Новиот формат на натпреварување става акцент на постигнувањата во првите рунди, па усовршената технологија и тимската работа ќе бидат клучни. Повеќето од учесниците ќе имаат модификации на своите авиони, а некои од нив имаат и нови спонзори. Во периодот меѓу двете сезони имаше и промени во составот на екипите, при што сега е нужна и поддршка од поединци кои ќе работат на стратегијата и ќе користат и специјален софтвер за тоа.

tesno-napnato-i-vozbudlivo-otvoranje-na-sezonata-od-avionskite-trki-2.jpg

Поради сите овие нешта, ниеден тим не може да си дозволи дебито во 2016 година да биде само тест за досегашните ресурси или стратегии, а уште помалку да бара оправдувања за своите лоши резултати.

- Можете да го изедначите отворањето на сезоната со старт на тркачка патека: Ако не поминете на првата мерна контрола со соодветна брзина, ќе се создаде поголем притисок со текот на сезоната, а особено во услови кога толку многу пилоти ќе имаат шанса да се борат за титулата,- вели директорот на трките, Стив Џонс. - Секогаш постои возбуда за првата трка, секој тим е желен да го започне предизвикот. Во Абу Даби сите пилоти имаат фантастично место за почеток на својата кампања.

Трката во Абу Даби е најгламурозниот настан во календарот составен од осум трки, при што публиката го освојува брегот на Персискиот Залив, додека гостите од највисок ранг ја следат акцијата од отмениот Скај Лонџ.

Новата сезона на најбрзото натпреварување во светот на мотоспортовите започнува на 11 и 12 март. Влезници за трките, вклучувајќи го и Абу Даби, како и првата трка на легендарниот автодром во Индијанаполис, можат да се купат на официјалниот сајт кој нуди уште повеќе инфорамции: www.redbullairrace.com

Би можело да ве интересира:

Роналдо излезе на терен со девојче со церебрална парализа – ја бакна и ѝ го исполни сонот (фото+виде... Капитенот на Португалија им ги стопи срцата на фановите кога на терен излезе со ...
На 16 години стана најмлад голгетер на Европско, си носи книги на првенството за да учи: Кој е Ламин... Ламин Јамал денес полни 17 години (роден е на 13 јули), а утревечер (14.07) со ш...
Директорот на млади категории на гигантот Пик Сегед во улога на тренер и предавач на кампот „40х20“ ... Еднодневниот бесплатен семинар, ќе се одржи за време на кампот во Охрид и истиот...
„Извини, љубов моја“ – Емотивно писмо од италијанскиот олимпиец кој ја изгуби бурмата во река во Пар... „Видов како прстенот ми се лизна и летна во водата додека го кревав италијанскот...
Сакаше да се откаже од тенисот, а сега е меѓу најдобрите на Вимблдон: Која е хрватската тенисерка До... Најголемото изненадување на годинешниот Вимблдон е хрватската тенисерка Дона Век...
Македонската фаланга го обои Вараждин во црвено-жолто - „Бисер балкански“ ечи на СП во ракомет 2025 ... Нашата фан-зона е преплавена со стотици Македонци, се пееја „Бисер балканск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg