Red Bull Air Race 2016: Николас Иваноф победи во „лудото“ отворање на сезоната

Почетокот на новата сезона од светското првенство Red Bull Air Race ги измеша очекувањата, па фаворитот финишираше на деветто место, а досега последниот на табелата го освои својот прв подиум финиш. Оваа сезона би требало да биде најжестока што некогаш се одржала.

nikolas-ivanof-pobedi-vo-ludoto-otvoranje-na-sezonata-3.jpg

Абу Даби (ОАЕ) – Првата трка од новата сезона на светското првенство Red Bull Air Race беше пожешко од очекуваното, покрај високите температури кои беа присутни во Абу Даби, пред се бидејќи Николас Иваноф блесна на патеката од 25-метарските воздушни порти, летајќи до победата низ изедначената и подеднакво одушевувачка конкуренција. Тој се стекна со предност во битката за титулата која очигледно ќе биде жестока, славејќи со предност од една десетинка на секундата пред Германецот Матијас Долдерер. Французинот Франсоа Ле Вот ја започнува својата втора сезона, а беше рангиран на 14 место, го забележа првиот пласман на подиумот со освојување на третото место.

Со пензионирањето на ланскиот светски првак, Пол Боном, битката за титулата во најбрзиот спорт на светот ќе биде отворена за секого, а трката започна. Имаше многу шокантни ситуации, па така најголемиот фаворит Мат Хол, кој лани беше второпласиран, погоди една воздушна кула на почетокот и не можеше да продолжи во втората рунда, што му се случува само по трет пат во кариерата. Уште еден врвен пилот, светскиот првак од 2008 година, Ханс Арх, леташе брилијантно во првите дуели, но беше елиминиран во последната меѓу четиримината најдобри, бидејќи ја „прегазил“ безбедносната линија, па уследи дисквалификација и доделување на 0 поени.

nikolas-ivanof-pobedi-vo-ludoto-otvoranje-na-sezonata-1.jpg

Кампањата за титулата ќе се одвива низ уште седум трки во шест земји (две има во САД), а Николас Иваноф сега е лидер на табелата.

- Предлагам да ја завршиме сезоната сега,- се пошегува пилотот. - Всушност ние работевме напорно и трениравме, па не бев под стрес за оваа трка, иако знаев дека треба да бидеме внимателни. Среќен сум за мојот тим и за моите навивачи!

Следната трка се вози во Австрија, на автодромот Red Bull Ring, на 23 и 24 април.

Резултати: 1. Николас Иваноф (Франција), 2. Матијас Долдерер (Германија), 3. Франсоа Ле Вот (Франција), 4. Ханс Арх (Австрија), 5. Кирби Чемблис (САД), 6. Мајкл Гулијан (САД), 7. Пит Меклиод (Канада), 8. Јошихиде Муроја (Јапонија), 9. Мат Хол (Австралија), 10. Хуан Веларде (Шпанија), 11. Најџел Лемб (Велика Британија), 12. Петер Подлуншек (Словенија), 13. Петр Копфштајн (Чешка), 14. Мартин Шонка (Чешка).

Табела: 1. Иваноф 15 поени, 2. Долдерер 12 поени, 3. Ле Вот 9 поени, 4. Чемблис 6 поени, 5. Гулијан 5 поени, 6. МекЛиод 4 поени, 7. Муроја 3 поени, 8. Хол 2 поени, 9. Веларде 1 поен.

nikolas-ivanof-pobedi-vo-ludoto-otvoranje-na-sezonata-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонското знаме повторно ќе се вее на врвот: Европскиот шампион Петар Мијалков ги стартуваше подг... По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана апсолутен ...
„Извинете, може ли тато да излезе малку?“ – Слатко видео од синот на Ѓоковиќ кој упадна на прес-конф... Децата на Новак и мајка им Јелена упаднаа на неговата прес-конференција, а тој с...
Детали за несреќата во која загина екс-голман на Арсенал - воз го влечел автомобилот неколку метри, ... На железничкиот премин во кој загина Алекс Манингер бил поставен знак „стоп“, а ...
РФМ ги избра најдобрите во Македонија – Кузмановски и Дамјаноска се лауреати, постхумно признание за... Ракометната федерација на Македонија на свеченост во хотел Хилтон во Скопје ги п...
Роналдо грубо турна фан кој го „проби“ обезбедувањето за селфи - фудбалерот мета на критики (видео) „Дали така се постапува со навивач?“, „Срамота, знаев дека е надмен, ама ов...
Мајка му го родила на 16, татко му собирал ѓубре од улица за да преживее - Што знаеме за Ламин Јамал... Пред да се роди Јамал, татко му работел секаква физичка работа, а собирал и ѓубр...

Најчитани неделава