Перфекцијата победи пред комплексноста во Тексас

Во драматичниот настан победи Мексиканецот Џонатан Паредесе, кој изведе речиси перфектен скок за да го освои првото место пред Британецот Блејк Олдриџ и Чехот Михал Навратил во настапот од 27,5 метри високата платформа. Шампионот Гери Хант кој веќе има две победи во Тексас, не успеа да стигне до трет триумф иако изведе скок со најголем коефициент на тежина. Во женска конкуренција дебитантката Ријана Ајфланд ја запали публиката со магичен настап од 20 метарската платформа и покрај сите прогнози направи сензација освојувајќи ја победата.

perfekcijata-pobedi-pred-kompleksnosta-vo-teksas-01.jpg

Сончевиот ден крај Портата на пеколот во езерото Посам привлече 12 илјадна публика која беше сведок на одушевувачкиот старт на новата сезона, за што голем придонес имаа и одличното време и спектакуларната забавна програма која помогна да се креира незаборавна атмосфера. Мексиканецот Паредес можеби имаше најнизок коефициент на тежина во скоковите кои му донесоа победа во светската серија Red Bull Cliff Diving, но импресионираше со техниката и го понесе прекарот „господар на стилот“. Совршеноста која што ја демонстрираше 26-годишниот Паредес беше изразена со четири „десетки“ од петчленото судиско жири. Поранешниот олимписки скокач Блејк Олдриџ од Велика Британија  на крајот беше само 0,35 поени зад него, додека третопласираниот Михал Навратил направи одлично враќање во спортот откако меѓу двете сезони имаше операција на рамото.

Петкратниот шампион Гери Хант го изведе најтешкиот скок во историјата на скоковите, салто напред со четири и пол вртења, скок што го подготвувал две и пол години, а е означен со коефициент на тежина од 6,4. Тоа му помогна да се помести од 12 место во првата рунда до четвртата позиција на крајот, но сезоната има вкупно девет натпреварувања.

Во женското натпреварување австралиската дебитантка Ријана Ајфланд во својот прв настап успеа да направи сензација и да постави нов стандарди во скоковите од платформата што е двојно повисока отколку на Олимписките игри. Таа доби високи оцени и со 10,4 бода се најде пред миленичката на домашната публика, Сесилија Карлтон, која потекнува од Тексас. На трето место е нјамладата учесничка, 21-годишната Хелена Мертен, за која ова е прва сезона во која ќе има континуирани настапи. Двократната шампионка Рејчел Симпсон заврши на шесто место, откако славеше минатите две сезони пред американската публика.

По успешниот почеток на сезоната во кој илјадници луѓе ги бодреа сите 22 скокачи при полетувањето од карпите на Портата на пеколот, како и при нурнувањата со брзина од 85 километри на час во водите на езерото кое беше домаќин на стотици бродови, педалинки и кајаци, светската серија се сели во Данска, каде што за две седмици ќе се одржи втората трка од натпреварувањето.

perfekcijata-pobedi-pred-kompleksnosta-vo-teksas-02.jpg

ИЗЈАВИ ОД ПОБЕДНИЦИТЕ:

Џонатан Паредес (Мексико)

- Ептен сум среќен! Ова е прво натпреварување оваа сезона и се надевам дека можам да продолжам во овој стил. Добивањето „десетки“ за последниот скок, како и скокањето последен од сите, беше прекрасно нешто!


Ријана Ајфланд (Австралија)

- Се чувствувам апсолутно прекрасно! Публиката, атмосферата, дузина чудесни скокачи околу мене, се ова беше сон кој се оствари. Да бидам искрена, ќе мора да ми слегне, но во моментов сум пресреќна и не можам да го објаснам тоа. Успеав да направам три конзистентни скокови, тоа ми беше потребно, па навистина не можам да речам дека можев подобро. Едноствано се беше на вистинско место и во вистинско време.

perfekcijata-pobedi-pred-kompleksnosta-vo-teksas-03.jpg

Резултати (Мажи): 1. Џонатан Паредес (Мексико) 509,15 поени, 2. Блејк Олдриџ (Велика Британија) 495,85 поени, 3. Михал Навратил (Чешка) 495,50 поени, 4. Гери Хант (Велика Британија) 486,00 поени, 5. Алесандро де Росе (Италија) 482,70 поени, 6. Орландо Дуке (Колумбија) 480,15 поени, 7. Дејвид Колтури (САД) 448,50 поени, 8. Артем Силченко (Русија) 430,85 поени, 9. Енди Џонс (САД) 324,60 поени, 10. Крис Коланус (Полска) 317,10 поени, 11. Стивен Ло Буе (САД) 316,35 поени, 12. Кајл Митрионе (САД) 310,20 поени, 13. Мигел Гарсија (Колумбија) 303,30 поени, 14. Серхио Гузман (Мексико) 247,60 поени.

Резултати (Жени): 1. Ријана Ајфланд (Австралија) 251,50 поени, 2. Сесилија Карлтон (САД) 241,10 поени, 3. Хелена Мертен (Австралија) 236,80 поени, 4. Адријана Хименез (Мексико) 230,10 поени, 5. Лизен Ричард (Канада) 229,90 поени 6. Рејчел Симпсон (САД) 209,20 поени, 7. Џинџер Хубер (САД) 192,05 поени, 8. Тара Хиер Тира (САД) 130,20 поени.

Би можело да ве интересира:

Сензацинален скок кој 50 години беше забранет во уметничкото лизгање ја воодушеви публиката - И Ноле... Младиот лизгач Илиа Малинин (21) имаше неверојатен настап на Зимската олимп...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
Жените „полудеа“ по згодниот голман на Нигерија - Што знаеме за Мадука Окоје? Иако мами воздишки со изгледот, неговата професионална кариера е полна со контро...
ЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом На четвртиот натпреварувачки ден, двете македонските репрезентации во Баскет 3х3...
Лина Ѓорческа испиша историја во македонскиот тенис, но загуби во првото коло на Вимблдон Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, денеска го играше најважниот натпревар...

Најчитани неделава