Авионските трки ја враќаат возбудата на Еуроспидвеј Лаузиц

По шест години трки со високи брзини на мали височини, светската серија Red Bull Air Race ќе се врати во Германија на автодромот Еуроспидвеј Лаузиц, а овој пат токму сонародникот на публиката ќе биде водечки во генералнот пласман.

avionskite-trki-ja-vrakaat-vozbudata-na-eurospidvej-lauzic-1.jpg

Лаузиц (Германија) – Ова е тоа што германските навивачи го чекаа шест години за конечно овој викенд авионските трки да се вратат на Еуроспидвеј Лаузиц, порано познат како Лаузицринг. Тука во 2010 година овие трки дебитираа на овалната патека, полетувајќи кон небото, а овој пат кон чекањето се придодава и фактот дека оваа трка ќе претставува „доаѓање дома“ за Матијас Долдерер, пилотот кој што во моментов е на врвот од табелата во светското првенство.

Тринаесет пилоти во Мастер класата очајнички ќе го бркаат Долдерер, бидејќи асот од Танхајм има значителна предност (над 18 поени) во генералниот пласман, на три трки до крајот на сезоната. Затоа, тој не смее да си дозволи да го спушти гардот, особено бидејќи неговиот најблизок ривал е светскиот првак од 2008 година, Австриецот Ханс Арх. Тој беше победник и на трката во 2010 година, а тогаш Долдерер беше седми и имаше само една сезона зад себе. Веднаш по Арх, како трет во генералниот пласман е Австралиецот Мат Хол, кој има серија резултати на подиумот, и тоа во јулската трка во Будимпешта и во августовската во англискиот Аскот.

Уште еден германски пилот, Флоријан Бергер, ќе се натпреварува на Еуроспидвеј Лаузиц, и тоа за прв пат. Тој е еден од надежните пилоти кои ги развиваат своите вештини во летање на мали височини со настап во Класата на предизвикувачите, а оваа сезона во секоја трка на која што настапи, тој беше на подиумот.

avionskite-trki-ja-vrakaat-vozbudata-na-eurospidvej-lauzic-2.jpg

Еуроспидвеј Лаузиц има овален облик со три патеки кои го прават уникатен во континентална Европа, но дизајнот е широко популарен во САД, каде што се возат трки од Индикар или НАСКАР серијата. Тука се вози ДТМ првенството и мотоциклистичкиот „супербајк“ шампионат, а со проширувањето на авионските трки од Red Bull Air Race навивачите ќе имаат можност да добијат претстава што ќе видат до крајот на сезоната кога оваа серија ќе гостува на „Индијанополис Мотор Спидвеј“, патека која претставува икона во Индикар првенството, како и на „Лас Вегас Мотор Спидвеј“, која пак е позната по НАСКАР трките.

Љубителите на трките можат да ја следат акцијата во живо почнувајќи од квалификациите кои се возат во сабота во 16 часот, и тоа преку сајтот www.redbullairrace.com. Првата елиминациска рунда на 14 пилоти од Мастер класата е на програмата во 14 часот в недела, а два часа подоцна е и вториот круг на најдобрите осуммина. Популарниот „Фајнал Фоур“ е предвиден во недела во 16.30 минути. Втората и третата рунда ќе се емитуваат и на Ред Бул ТВ, преку веб страната www.redbull.tv како и преку некои апликаци за Андроид и иОС.

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Македонија оди на Светско! Ракометарите десетти пат се изборија за пласман за најголемото натпревару... Македонската ракометна репрезентација повторно нè направи горди! Момците на Кире...
Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата? Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година ...
Македонци истрчаа 400km од Љубљана до Задар во тимска трка: „Завршивме за 33 часа, најтешко е ноќе к... „Системот беше „штафетен“ - додека дел од екипата трча, другите одмораа во комбе...
Скијачка запросена пред илјадници луѓе на Олимпијада - Освои злато, па доби свршенички прстен Прво запросување на Олимпијадата 2026 - кога освојувачката на златен медал Бризи...

Најчитани неделава