Навратил му го украде шоуто на Хант со првата победа во кариерата

Австралијанката Ријана Ајфленд се најде на врвот од подиумот во женска конкуренција, додека Михал Навратил од Чешка ја освои првата победа во светската серија Red Bull Cliff Diving во натпреварувањето одржано во Велс.

navratil-mu-go-ukrade-souto-na-hant-so-prvata-pobeda-vo-karierata-1.jpg

Чешкиот скокач направи зачудувачко враќање во акција по неодамнешната операција на коленото, стигнувајќи до спектакуларна победа во Сината Лагуна на Пемброкшир во Велс. Натпреварувањето се одржа со ревидирана саатница поради најавата за влошени временски услови на предвидениот ден, па сите активности се случија ден порано. Хант финишираше само неколку поени поназад од она што можеше да биде камбек од соништата и го освои второто место во Велика Британија, додека Американецот Енди Џонс го продолжи континуитетот на импресивна форма со уште еден пласман на подиумот по изведените скокови од 27 метарската платформа. Во женското натпреварување, учесничката со „вајлд карта“ Ријана Ајфленд им се врати на победите со што ја продолжи магичната сезона и се одвои на врвот од табелата, додека Канаѓанката Лизен Ричард по триумфот во Италија ја следеше освојувајќи го овој пат второто место. Американката Сесил Карлтон го комплетираше подиумот на распродадениот настан со третото место во скоковите на локацијата што претходно била отворен рудник со кружна форма.

Ветровитото време на југозападниот дел од Велс значеше дека целото натпреварување мора да се помести во еден ден, што е прв ваков случај во историјата на Red Bull Cliff Diving. Токму Навратил кој ја има осмата сезона во Светската серија, и е горд сопственик на прекарот „Супратил“ поради неговите фамозни „Супермен“ скокови на крајот од натпреварувањето, најдобро се снајдоа во ваквите „набиени“ околности. Тој го пропушти претходниот натпревар во Италија поради операцијата на коленото, но се врати со речиси совршена изведба на скокови на локацијата која наликува на Колосеум, при што ја освои првата победа во 53 настапи, и тоа пред 2.800 гледачи! Влегувајќи како водечки во третата рунда, тој едвај го издржа налеторт на фаворитот Гери Хант, кој пак не покажа знаци на притисок во скоковите кои се од три пати поголема височина отколку на Олимписките игри. Британецот изби во водство со последниот скок, но Навратил остана смирен и го изведе последниот скок за конечна победа.

Неодамна оженетиот Навратил се искачи на четврто место во генералниот пласман, додека Хант го зголеми водството пред Мексиканецот Џонатан Паредес на врвот од листата, бидејќи тој финишираше петти. Енди Џонс веќе имаше два подиума за второ место оваа сезона, па со сегашниот за освоеното трето место дополнително ја подобри својата најдобра година во првенството.

И во женското натпреварување Ријана Ајфленд се оддалечи од ривалите на табелата со третата победа во четвртиот настап. Само еден ден по нејзиниот 25 роденден, дебитантката од австралискиот Златен брег беше сведок на прекин на нејзината серија од страна на Лизен Ричард во Италија пред две седмици, но сепак возврати во стил изведувајќи три скока со највисоки оцени од 20-метарската платформа. Ричард не се предаде без борба и по импресивното второ место во Велс ова наликува на возбудлив дуел за титулата меѓу двете најдобри натпреварувачки во моментов, кои водат на табелата со три настапи до крајот на сезоната.

Во календарот следи враќањето во Мостар, Босна и Херцеговина, каде што 22 од елитата на скокачи од карпи ќе имаат можност да ја продолжат битката од историскиот Стар Мост.

navratil-mu-go-ukrade-souto-na-hant-so-prvata-pobeda-vo-karierata-2.jpg

ИЗЈАВА НА ПОБЕДНИЦИТЕ

Михал Навратил, Чешка

Ова воопшто не го очекував! Операцијата ми е се уште свежа и немам тренирано цел месец. Само сакав да ги комплетирам моите скокови и да видам како ќе поминам. Почнав да вежбам пред две седмици и мојот физиотерапевт ми помогна да го стабилизирам коленото по првиот скок. Продолжив со цела сила, фокусиран на она што го работам. Навистина сум среќен што ја освоив мојата прва победа и што го победив шампионот.


Ријана Ајфленд, Австралија

Апсолутно бев исполнета од мојата изведба на првиот скок и знаев дека ако ми тргне со него, ќе можам да продолжам. Мислам дека мојата тајна е што јас не сум под стрес, само се релаксирам и го правам сето она што го правам на тренинг. Секој пат се изненадувам себе си, да бидам искрена, пристигнувам тука со идеја дека нема да ми оди добро, но кога ќе се најдам на платформата го имам потребното чувство и знам дека сум тука за забава. Тоа ми се допаѓа!


Резултати (мажи): 1. Навратил, 2. Хант, 3. Џонс, 4. Газмен, 5. Паредес, 6. Лобуе, 7.Де Росе, 8. Олдриџ, 9. Колтури, 10. Кол, 11. Дуке, 12. Гарсија, 13. Коуен, 14. Силченко

Табела (мажи): 1. Хант 900 бода, 2. Паредес 750 бода, 3. Џоунс 590 бода, 4. Навратил 560 бода, 5. Дуке 470 бода, 6. Лобуе 420 бода, 7. Колтури 370 бода


Резултати (жени): 1. Ајфленд, 2. Ричард, 3. Карлтон, 4. Симпсон, 5. Хименез, 6. Хубер, 7. Мертен, 8. Валенте, 9. Хиер-Тира

Табела (жени): 1. Ајфленд 760 бода, 2. Ричард 610 бода, 3. Карлтон 420 бода, 4. Симпсон 370 бода, 4. Мертен 370 бода, 6. Хименез 360 бода, 7. Хубер 350 бода

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg