Олиќ за победата на Баерн

На вчерашниот прв натпревар во четврт-финалето на фудбалската Лига на шампиони, Баерн на домашен терен го поразди Манчестер Јунајтед...

 

... со резултат од 2-1, а победничкиот гол го даде хрватскиот репрезентативец Ивица Олиќ.

Домашните фудбалери, кои играа без двајца редовни играчи - повредениот Аријен Робен и казнетиот Бастијан Швајнштајгер, многу рано доживеаа шок - веќе во 2 минута од прекинот.

Во 16-тата минута Манчестер два пати се закани во рок од 30 секунди, прво Руни, а потоа и Нани, но без резултати. Олиќ во 17-тата минута имаше стопроцентна шанса за израмнување, но не успеа да даде гол. Шест минути подоцна Прањиќ се обиде да го изненади Ван дер Сар, но голманот успеа да го скроти овој удар.

olik-za-pobedata-na-baern

Во 38-та минута повторно катастрофална грешка во баерновата одбрана, слично како и првиот гол - Руни ја имаше таа шанса за удар, но овој пат не беше доволно прецизен. Во второто полувреме Баерн се покажа доста поангажирано - во 76-тата минута домаќините успеаа да го израмнат резултатот со слободен удар од 18 метри, кој го изведе Рибери.

Токму кога се очекуваше натпреварот да заврши изедначено, Олиќ ја искористи слабата одбрана на гостите и го даде победничкиот гол за Баерн Минхен. Заедно со Олиќ, кој го одигра цел натпревар, и другиот хрватски репрезентативец во редовите на Баерн Даниел Прањиќ играше до 89-тата минута.

Наредната средба ќе биде на 7ми Април во Манчестер.


Би можело да ве интересира:

Почина фудбалската легенда Васил Рингов на 70-годишна возраст Денес (23.12) почина Васил Рингов – фудбалерот кој се смета за еден од најдобрит...
Македонка за искачувањето на Кајмакчалан: „Имаше магла, скијачи ни побараа број за безбедност“ „Двајца млади планинари, Калина Велевска и Александар Миновски, тргнаа со љубов ...
Ѝ го посвети првиот гол на Светско, таа јавно му изјави љубов - Која е девојката на Ламин Јамал, со ... „Го познавам Ламин многу подолго од овие неколку месеци. Не се баш три години, н...
Најзгодната олимпијка за својата голгота: „Ме критикуваа за шминката, ме осудуваа, но не сакав да се... „Овој момент докажува дека не мора да бидете помалку свои за да постигнете нешто...
„Ме силуваа 2 недели пред да освојам злато во Пекинг“ - Параолимпијка откри зошто се парализирала пр... „Однадвор бев успешна спортистка која освојува сè што може да се замисли, но збо...
Линдзи Вон се огласи по страшниот пад на Олимпијадата: „Сонував, паднав, не се каам за ништо“ „Бев преблиску до линијата кога десната рака ми се закачи на внатрешноста од вра...

Најчитани неделава