Американецот Чемблис несовладлив во Будимпешта


Американецот Чемблис несовладлив во Будимпешта

amerikanecot-chemblis-nesovladliv-vo-budimpeshta-01.jpg 

Двократниот освојувач на титулата во светската серија Red Bull Air Race, Американецот Кирби Чемблис, се врати во игра за висок пласман во 2017 година откако забележа уверлива победа на првата европска станица од календарот одржана во Будимпешта. Канаѓанецот Пит МекЛиод беше брилијантен на втората позиција, додека лидерот во генералниот пласман, Јошихиде Муроја, го задржа водството на табелата со освојување на третото место.

Будимпешта е престижниот трофеј што секој пилот сака да го освои, а Чемблис има шест подиуми и две победи на оваа трка што прв пат беше домаќин на трките со авиони во 2003 година. Во текот на минатиот викенд околу 80 илјади луѓе се наредија на брегот на Дунав за да ги видат тркачките авиони како летаат под мостот „Ланчид“. Времето на победникот Чемблис беше 1:00.632 во финалната рунда, што беше за 108 илјадити делови од секундата подобро од она на МекЛиод. Третото место на Муроја го означува и третиот подиум во низа на Јапонецот, откако претходно победи во Сан Диего и Чиба.

Четвртата трка ја означи половината од сезоната, но овојпат Будимпешта го лансираше Чемблис пет места погоре на табелата, што може да донесе критичен пресврт во последните четири трки. Водечкиот Муроја сега има 39 поени, додека Мартин Шонка од Чешка е втор во генералниот поредок со 37 бода, откако во Будимпешта се најде на четвртото место. Канаѓанецот Меклиод го презема третото место , додека бранителот на титулата, Матијас Долдерер, доживеа комплетно фијаско откако беше дисквалификуван во првата рунда поради опасен маневар со кој го надмина дозволениот лимит на гравитациските сили, па сега е на шестото место од табелата, цели 16 бода зад водечкиот Муроја.

- Заљубен сум во Будимпешта! Не можам да му заблагодарам доволно на мојот тим, бидејќи ова не беше напор на само еден човек. На претходната трка во Чиба и јас бев дисквалификуван заради преголеми гравитациски сили, па на совет на мојот техничар Пауло Исколд, морав да се внесам во трката. Едноставно излегов на патеката да извозам „чист“ круг, кој воедно беше и брз, па ми успеа,- изјави Чемблис кој последен пат славеше на трка во 2008 година. - Речиси заборавив каков е вкусот на шампањското вино, сега сум возбуден. Знаете, победувањето е лесно кога победувате, но не е лесно кога не победувате.

Следната трка од сезоната во 2017 година на Светското првенство Red Bull Air Race ќе се вози во рускиот град Казан, викендот на 22 и 23 јули.

Резултати: 1. Кирби Чемблис (САД), 2. Питер МекЛиод (Канада), 3. Јошихиде Муроја (Јапонија), 4. Мартин Шонка (Чешка), 5. Петр Копфштајн (Чешка), 6. Микаел Бражо (Франција), 7. Николас Иваноф (Франција), 8. Мат Хол (Австралија), 9. Хуан Веларде (Шпанија), 10. Франсоа Ле Вот (Франција), 11. Кристијан Болтон (Чиле), 12. Мајкл Гулијан (САД), 13. Матијас Долдерер (Германија), 14. Петер Подлуншек (Словенија)

Табела: 1. Јошихиде Муроја (Јапонија) 39 поени, 2. Мартин Шонка (Чешка) 37 поени, 3. Питер МекЛиод (Канада) 26 поени, 4. Кирби Чемблис (САД) 25 поени, 5. Петр Копфштајн (Чешка) 23 поени, 6. Матијас Долдерер (Германија) 23 поени, 7. Хуан Веларде (Шпанија) 15 поени, 8. Мајкл Гулијан (САД) 14 поени, 9. Николас Иваноф (Франција) 14 поени, 10. Петер Подлуншек (Словенија) 12 поени, 11. Мат Хол (Австралија) 11 поени, 12. Микаел Бражо (Франција) 9 поени, 13. Кристијан Болтон (Чиле) 4 поени, 14. Франсоа Ле Вот (Франција) 4 поени.

amerikanecot-chemblis-nesovladliv-vo-budimpeshta-02.jpg

amerikanecot-chemblis-nesovladliv-vo-budimpeshta-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Триумфално враќање за Гери Хант во Сисикон Победниците ги надминаа своите проблеми во Франција освојувајќи ги симпатиите на...
Спектакуларна победа на Мартин Шонка во Порто Чехот Мартин Шонка ја извојува втората победа во својата кариера на трката на Re...
RED BULL AIR RACE / 2018 / OAE / ABU DHABI - Американецот Гулијан ја отвори сезоната со изненадувачк... Нова втора декада од авионските трки започна со стартот на светското првенство R...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg