Чекањето заврши: Авионските трки се враќаат во Португалија!

Поминаа осум години откако официјалното светско првенство Red Bull Air Race ги параше облаците над живописните брегови на Порто и Вила Нова де Гаја. Со вжештена атмосфера на врвот од табелата и само три трки до крајот, португалската авантура може да биде точка на пресврт во оваа сезона за четворицата кандидати кои се на врвот од табелата!

cekanjeto-zavrsi-avionskite-trki-se-vrakjaat-vo-portugalija-01.jpg

Порто (Португалија) - Шестата станица од календарот за 2017 година ветува дека ќе изобилува со возбуда. Локацијата е Порто, еден од најстарите европски центри, со воодушевувачка глетка над реката Дуро, кој воедно е и едно од светските наследства заштитени од УНЕСКО. Гледачите се посебна приказна: повеќе илјади обожаватели кои нетрпеливо го чекаа враќањето на акцијата од 370 километри на час уште од времето на претходните трки од 2007 до 2009 година, при што ги уриваа рекордите на посетеност. На трката ќе учествуваат 14 најдобрите пилоти кои ќе се обидат да се изборат за своето место под сонцето во една од најконкурентните сезони на овој спорт досега.

А ако историјата се повтори, има голема шанса пилотот кој ќе победи во Португалија да биде крунисан како светски шампион.

Пилотите кои претходно триумфираа во Порто, Ханс Арх, Пол Боном и Стив Џонс, подоцна станаа вистински легенди на Red Bull Air Race. Арх, победникот во Порто од 2008 година, ја заврши таа сезона со шампионскиот трофеј во рацете, а исто така и Боном ја освои титулата во 2009 година само неколку недели откако триумфираше во Порто. Иако Џонс не го освои шампионатот откако се искачи на врвот од подиумот во 2007, неговата кариера исто така беше ѕвездена, и сега е тркачки директор на Red Bull Air Race и му е партнер на Боном како една половина од демонстраторскиот тим на „Red Bull Matadors“.

cekanjeto-zavrsi-avionskite-trki-se-vrakjaat-vo-portugalija-02.jpg

Меѓу моменталните конкуренти кои сакаат да испишат својата историја во Порто ќе бидат четворицата натпреварувачи кои се на само два поени разлика на врвот од генералниот пласман, при што Американецот Кирби Чемблис (кој е двоен шампион и беше втор во Португалија во 2008) го држи водството, додека по него следат Јошихиде Муроја од Јапонија, Мартин Шонка од Чешка и Пит Меклиод од Канада. Од оваа елитна група, само Шонка никогаш претходно не се натпреварувал во Порто. Но од останатите пилоти, дури 50 отсто за прв пат доаѓаат на португалската станица, што го прави резултатот уште понепредвидлив, со скапоцени 15 поени резервирани за победникот.

Септември почнува со станицата која е изгласана за Најдобра европска дестинација за 2017 година: Red Bull Air Race е во Порто во сабота и недела, 2-3 септември, и присуството е слободно за публиката.

Гледајте во живо!

Ова натпреварување ќе се пренесува во живо, при што квалификациите на 2 септември од 16 часот, додека трката во недела на 3 септември започнува со елиминациските рунди во 13 часот по средноевропско време. Акцијата можете да ја следите преку веб страната www.redbullairrace.com и преку Red Bull TV. Red Bull TV е достапен на поврзаните телевизори, играчките конзоли, мобилните и други уреди. Дознајте повеќе на about.redbull.tv.

Преостанати трки:
2-3 септември: Порто, Португалија
16-17 септември: Лаусиц, Германија

Би можело да ве интересира:

Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Никола Јокиќ изненаден - НБА ѕвезда носи јакна со вез како Св. Ѓорѓи ја убива ламјата, чини 20.000 д... Еден од највпечатливите моменти од кошаркарскиот All Star викенд, беше влегување...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...
ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула! Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот ост...

Најчитани неделава