RED BULL AIR RACE 2017 - Возбуда до усвитување: Авионските трки ќе го запалат небото над Германија!

На само две трки до крајот на сезоната од Светското првенство Red Bull Air Race, време е за менување на патеката. Две недели по неверојатните 850 илјади гледачи на улиците на Порто, Португалија, најдобрите пилоти на светот ќе се натпреваруваат повторно – точно пред трибините на германскиот автодром Лаузицринг, кој се наоѓа меѓу Берлин и Дрезден. Сите ќе се обидуваат да го престигнат моменталниот лидер на табелата, Мартин Шонка. Дали чешкиот пилот може да биде уште побрз за да остане предводник на „јатото“?

red-bull-air-race-2017-vozbuda-do-usvituvanje-avionskite-trki-ke-go-zapalat-neboto-nad-germanija-01.jpg

Лаузицринг (Германија) – Резултатите од трката во Португалија го измешаа врвот од табелата на светското првенство, и додека на хартија се уште има седум пилоти со шанса да ја освојат титулата, реално е да се каже дека изборот е меѓу четворица – тројца претенденти гладни за нивната прва титула во сезоната и еден легендарен ас кој се бори за својот трет шампионски наслов.

Како натпреварувач во својата петта сезона, летот на Шонка во Порто беше мајсторски изведен. Чешкиот пилот постави рекорд на патеката при тренинзите и успеа да остане прибран во текот надуелот на најдобрите четири пилоти, интензивно конкурентниот „Фајнал фор“, за на крај да ја освои победата на трката и да скокне од трето на прво место во генералниот пласман. Тоа го направи насметка на Американецот Кирби Чемблис, кој падна од прво на трето место, а Јапонецот Јошихиде Муроја се „лизна“ од втората на четвртата позиција.

Статистиката покажува дека во две од трите претходни трки во Порто, победникот потоа го освоил и светскиот шампионат, што е добар знак за Шонка. Но не заборавајте на пилотот кој моментално е на второ место во генералниот пласман, Канаѓанецотг Пит Меклиод. Тој беше пример за постојаност во последниот дел од сезоната, освојувајќи ја пол позицијата во четирите последни трки по ред, предност која ја претвори во второ место и тоа на три трки во низа. Слична постојаност прикажа и Најџел Лемб од Велика Британија кога ја освои титулата во 2014 година, иако победи на само една трка во целата сезона.

red-bull-air-race-2017-vozbuda-do-usvituvanje-avionskite-trki-ke-go-zapalat-neboto-nad-germanija-02.jpg

Сега интервал од само 10 поени ги дели Шонка (54 поени) и неговите тројца најблиски ривали, Меклиод (50), Чемблис (47) и Муроја (44), заради што 15-те поени резервирани за победникот воЛаузицринг се особено скапоцени. Исто така вредно ќе биде и искуството на овој автодром: Лаусицринг е првата трка од календарот за 2017 година што не е над вода, туку над земја, како и прва наавтодром. Оваа трка е клучна не само сама по себе, туку и како загревање за најважното – финалето на сезоната на уште една впечатлива знаменитост во мотоспортот: американскиот автодромИндијанаполис. 

Додека гледачите ги чекаат возбудливи моменти на Лаузицринг, без сомнение најсилно ќе се навива за локалниот херој, актуелниот светски шампион Матијас Долдерер. Германскиот пилот оваа година имаше осцилации во резултатите, па на шестото место во генералниот пласман може да се каже дека е далеку од титулата. Но, тој е омилена фигура, која што лани трката на Лаузицринг јазаврши втор, зад Австралијанецот Мат Хол. Победа пред домашните фанови е токму тоа што му треба за пресврт на Долдерер  во оваа сезона.

Посетете ја страната www.redbullairrace.com за најнови информации и видео клипови од акцијата во Германија. Квалификациите се в сабота од 6 часот, а елиминациските трки почнуваат в недела од 14 часот.

Би можело да ве интересира:

Никола Јокиќ изненаден - НБА ѕвезда носи јакна со вез како Св. Ѓорѓи ја убива ламјата, чини 20.000 д... Еден од највпечатливите моменти од кошаркарскиот All Star викенд, беше влегување...
Македонија оди на Светско! Ракометарите десетти пат се изборија за пласман за најголемото натпревару... Македонската ракометна репрезентација повторно нè направи горди! Момците на Кире...
Македонци истрчаа 400km од Љубљана до Задар во тимска трка: „Завршивме за 33 часа, најтешко е ноќе к... „Системот беше „штафетен“ - додека дел од екипата трча, другите одмораа во комбе...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...
Македонското знаме повторно ќе се вее на врвот: Европскиот шампион Петар Мијалков ги стартуваше подг... По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана апсолутен ...
Скијачка запросена пред илјадници луѓе на Олимпијада - Освои злато, па доби свршенички прстен Прво запросување на Олимпијадата 2026 - кога освојувачката на златен медал Бризи...

Најчитани неделава