Најдобриот тим од фудбалери чиишто репрезентации нема да настапат на светското првенство во Русија 2018

Голем број на репрезентации коишто биле редовни на досегашните првенства нема да настапат на светското првенство во Русија бидејќи не успеаа да се квалификуваат. Меѓу нив се и 4 регионални шампиони како што се Чиле, САД, Нов Зеланд и Камерун.

Najdobriot-tim-na-fudbaleri-ciisto-reprezentacii-nema-da-nastapat-vo-Rusija-2018-01.jpg

Светското првенство во фудбал коешто ќе се одржи наскоро во Русија ќе „врие“ со фудбалски ѕвезди, но не можеме, а да не се запрашаме што би било кога би настапувале и овие репрезентации кои отпаднаа со своите ѕвезди.

За да ви доловиме колку ќе недостасуваат, составивме тим од 23 играчи, прв тим и резерви, од репрезентативците на земјите коишто не се квалификуваа на светското првенство во фудбал во Русија.

Голмани: Џанлуиџи Буфон (Италија), Јан Облак (Словенија), Џаспер Цилесен (Холандија)

Голема штета е што нема да можеме да го испратиме Буфон во пензија на светското првенство, тој е жива легенда помеѓу голманите.

Јан Облак е стандарден првотимец во Атлетико Мадрид и во неколку наврати покажа дека е одличен.

Najdobriot-tim-na-fudbaleri-ciisto-reprezentacii-nema-da-nastapat-vo-Rusija-2018 (1).jpg

Одбранбени играчи: Давид Алаба (Австрија), Андреа Барзаљи, Леонардо Бонучи, Џорџо Кјелини (Италија), Фаузи Гулам (Алжир), Антонио Валенсија (Еквадор), Вирџил Ван Дијк (Холандија)

Тоа што важи за Буфон, важи и за целиот одбранбен ред, штета е да не се види ваков сигурен тим во одбраната на светското првенство. 

Со одењето во пензија на дел од овие играчи ќе биде вистински крај на една ера во италијанската дефанзива. Дополнително со оваа постава има мешавина од искусни и млади играчи како што се Алаба и Гулам, а имаме и бекови коишто може да истрчаат напред.

Najdobriot-tim-na-fudbaleri-ciisto-reprezentacii-nema-da-nastapat-vo-Rusija-2018 (2).jpg

Среден ред: Марек Хамшик (Словачка), Наби Кеита (Гвинеа), Хенрик Мкитаријан (Ерменија), Миралем Пјаниќ (БиХ), Кристијан Пулишиќ (САД), Томас Партеј (Гана), Артуро Видал (Чиле), Вилфред Заха (Брег на Слоновата Коска)

Штета е што 19 годишниот Пулишиќ нема да може да учи од искуството во настап на светско првенство и со тоа побрзо да го постигне својот потенцијал. 

Ова е избалансиран среден ред со присуството на Заха и централниот креатор на играта Хамшик и Мкитаријан, како и присуството на искусен дефанзивец во средниот ред како што е Видал.

Najdobriot-tim-na-fudbaleri-ciisto-reprezentacii-nema-da-nastapat-vo-Rusija-2018 (4).jpg

Напаѓачи: Пјер Емерик Обамејанг (Габон), Герет Бејл (Велс), Арјен Робен (Холандија), Един Џеко (БиХ), Алексис Санчез (Чиле)

Робен на секој свој настап докажува дека е играч којшто во секој момент може да даде гол. Герет Бејл го докажа своето место меѓу ѕвездите на настапот во финалето на Лигата на Шампионите, а Џеко докажа дека секоја висока топка е потенцијална асистенција за него. 

Овој напаѓачки состав би можел во голема мера да ги смени резултатите во поглед на вкупен број на постигнати голови на ова првенство.

Najdobriot-tim-na-fudbaleri-ciisto-reprezentacii-nema-da-nastapat-vo-Rusija-2018 (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...
Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кук... „Не беше среќен ни во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе п...
Македонци истрчаа 400km од Љубљана до Задар во тимска трка: „Завршивме за 33 часа, најтешко е ноќе к... „Системот беше „штафетен“ - додека дел од екипата трча, другите одмораа во комбе...

Најчитани неделава