Стеф Кари: Што се крие зад моќната психологија на најдобриот НБА шутер?

Дека физичката подготвеност и талентот се потребни за да се биде дел од некој НБА тим, е несомнен факт. Сепак, играта на еден успешен кошаркар не зависи само од неговите вештини и стил на играње, туку и од психолошката подготвеност и истрајност.

Stef-Kari-sto-se-krie-zad-mokjnata-psihologija-na-najdobriot-NBA-shuter1.jpg

Да се биде дел од тим кој неколку години по ред го освојува финалето, или пак да се биде клучниот играч кој треба да го одведе својот тим до запишување на неговото име во историјата на уште една прекрасна игра, значи да се биде челично силен во умот.

Повеќето кошаркари имаат свој пресметан и испланиран пристап кон играта. Што значи ова, најдобро може да се разбере преку личниот став, менталниот тренинг и менталната подготвеност на моментално најдобриот НБА шутер, Стеф Кари.

Не само најдобар во игра, туку можеби и најдобро психички подготвен од сите познати спортисти, Стеф Кари посветува внимание на неговите тренинзи од секој аспект. Тој постојано работи на неговата психолошка издржливост и моќ, и има интересен пристап кога станува збор за тренинзите.

Еден од начините на кои тој се подготвува за тежок натпревар се „невролошките вежби“. Тие користат високоинструментирани симулирани играни ситуации, кои го оптоваруваат ментално и кои го тераат да ја зголеми својата свесност, што ќе му помогне полесно да се снајде во вистинските натпревари.

Благодарение на ваквите вежби, Кари поседува такви ментални способности кои му помагаат не само да ги следи своите соиграчи и противниците, туку и да знае како да ја искористи поставеноста на телото на противникот во негова полза.

Основата на менталната моќ на Кари лежи во усовршувањето на способноста да ги забележува дури и најмалите, навидум небитни детали во текот на една игра.

Интересен факт: Кари исто така има и квалитетни, но невообичаени емотивни рутински вежби. Пред почетокот на една игра, тој влегува во интеракција со добро познат лик од обезбедувањето, на кој тој му вика „Вориорс излегуваат! Поддржи ги!“ Порано ликот од обезбедувањето бил тој кој го кажувал ова гласно, но ги смениле улогите со Кари за тој да може да остане „на штрек“, но истовремено и разигран и опуштен.

Тој исто така ужива да комуницира со своето семејство, односно со жена му и малата ќерка, за да остане свесен и концентриран на приоритетите во животот и на оние кои му се најголема поддршка.

https://www.youtube.com/watch?v=RbsmMnAKeOI

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Никола Јокиќ изненаден - НБА ѕвезда носи јакна со вез како Св. Ѓорѓи ја убива ламјата, чини 20.000 д... Еден од највпечатливите моменти од кошаркарскиот All Star викенд, беше влегување...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кук... „Не беше среќен ни во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе п...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Шакира стана хит на Светско: Додека обезбедувањето ја тера да побрза за настап, таа заигра танго со ... Иако на вакви големи настани секој чекор е предвиден до секунда, Шакира, се чини...

Најчитани неделава