Триумфално враќање за Гери Хант во Сисикон

Победниците ги надминаа своите проблеми во Франција освојувајќи ги симпатиите на навивачите кои ужуваа ви прекракрасниот сончев ден на четвртата станица од светската серија Red Bull Cliff Diving.

triumfalno-vrakjanje-na-geri-hant-vo-sasikon-01.jpg

Шесткратниот шампион Гери Хант од Англија, како и Канаѓанката Лизен Ричардс имаа емотивно враќање во форма, обајцата забележувајќи впечатливи победи за да ги остават зад себе тешките дванаесет месеци.

Хант кој се имаше соочено со првата криза во својата кариера поради ментална блокада, сега се врати на своите најдобри вртења за да ја освои мошне потребната победа пред Мексиканецот Џонатан Паредес, кој беше втор, и Американецот Енди Џонс, кој беше трет. Стивен ЛоБуе од САД по победите на претходните две натпреварувања се надеваше на хет-трик победа, но заврши само шести на жешкиот ден на езерото Луцерн.

Лизен Ричард, која што е мајка на три деца, ја испушти речиси целата сезона 2017 поради повреда на вратот, но нејзиното трето место пред три седмици во Португалија и даде сила да се бори за победата кај девојките, оставајќи ги зад себе Ријана Ифланд од Австралија и импресивната Британка Џесика Меколи, која настапуваше со вајл-карта на задоволство на бројната публика во бродчињата, кајаците и гумените чамци.

За 34-годишниот „брилијантен Британец“ оваа победа беше во духот на неговиот прекар и тој врза неколку извонредни скокови во серија од 27 метарската платформа, што му донесе повеќе бодови од Паредес, кој, пак му ја украде титулата минатата година. Бранителот на титулата од Мексико дојде блиску до својата прва победа во сезоната со речиси перфектна изведба на својот финален скок и доби од сите пет судии оценка 9,5 од можните десет, и се најде само 4,3 поени зад победникот.

За Хант ова е рекордна 31 победа во 69 настапи, а воедно втора на оваа локација по 2010 година.

triumfalno-vrakjanje-na-geri-hant-vo-sasikon-02.jpg

Победникот на последните две натпреварувања, Стивен ЛоБуе, ја испушти шансата да стане третиот човек во историјата на овој спорт кој што ќе направи три победи во низа бидејќи имаше слаби изведби на скоковите од неговата листа.

Сонародникот Енди Џонс кој исто така имаше повреда со која што се бореше минатите месеци се врати на подиумот по седум натпреварувања во последниве две сезони.

Сепак во генералниот пласман ЛоБуе се уште води, додека 28 годишниот Паредес се искачи од петто на второ место, а Гери Хант од осмо на трето место.

Во женското натпреварување 36-годишната Лизен Ричард не само што ја освои третата победа во светската серија, туку и го нагласи својот несекојдневен борбен дух со скоковите од 21 метар високата платформа по цела година неизвесност. Повредата на вратот не и дозволуваше да тренира, а камо ли да се натпреварува во текот на 2017 година. Секогаш насмеаната Канаѓанка беше предизвикана од двократната шампионка Ифланд која што ја испушти речиси сигурната победа во последната рунда со просечен последен скок, додека Маколи со вајлд-карта стигна до вториот подиум во четвртиот настап и влегува во историјата на ова натпреварување како прва Британка со вакви резултати.

Од идиличното село Сисикон облеано со сонце во срцето на Швајцарија, елитата на скокачи од карпи оди на север кон Копенхаген, каде што по пауза од три седмици ќе ги изведува своите естетски скокови со траење од три секунди од врвот на кралската опера во Данска.

Изјави од победниците

Гери Хант, Велика Британија:

Ова не е стариот Гери Хант, денеска тоа беше друг човек. Гери 2.0! Сепак, среќен сум што успеав да го направам тоа што требаше, беше мошне изедначено и Џони за малку ќе ме добиеше со последниот скок. Среќен сум што се вратив на подиумот. Кога еднаш ќе добиете ментална блокада, таа всушност никогаш не престанува и треба да се справите со неа и да ја надминете. Јас дефинитивно се уште го немам решено проблемот и се уште морам да работам на некои поединечни и на некои двојни вртења, но дефинитивно работев напорно минатиот период за да бидам во состојба да го направам ова денеска.

Лизен Ричард, Канада:

Оваа победа тука беше премногу емотивна за мене, не можев да престанам да плачам. Навистина сум возбудена поради сите кои ми помогнаа да се вратам. Самото враќање по себе е голема победа, но денеска имав среќа во одлична конкуренција и навистина сум благодарна за сета помош што ја добив и за сета љубов што ја добив.

triumfalno-vrakjanje-na-geri-hant-vo-sasikon-03.jpg

Резултати (мажи):

1. Гери Хант (Велика Британија) 411,35 поени, 2. Џонатан Паредес (Мексико) 407,05 поени, 3. Енди Џоунс (САД) 369,25, 4. Блејк Олдриџ (Велика Британија) 363,80, 5. Алесандро де Росе (Италија) 361,15, 6. Стивен ЛоБуе (САД) 349,30, 7. Серхио Гузман (Мексико) 334,85, 8. Михал Навратил (Чешка) 329,15, 9. Крис Коланус (Полска) 318,00, 10. Матијас Апенцелер (Швајцарија) 303,25.

Резултати (жени):

1. Лизен Ричард (Канада) 313,45, 2. Ријана Ифланд (Австралија) 307,35, 3. Џесика Меколи (Велика Британија) 297,00, 4. Јана Несцијарева (Белорусија) 292,30, 5. Адријана Хименез (Мексико) 285,75, 6. Антонина Вишиванова (Украина) 272,10, 7. Џинџер Хубер (САД) 246,60, 8. Ирис Шмитбауер (Германија) 225,30, 9. Жаклине Валенте (Бразил) 224,65, 10. Ана Бадер (Германија) 57,20.

Табела (мажи):

1. Стивен ЛоБуе (САД) 540 поени, 2. Џонатан Паредес (Мексико) 420 поени, 3. Гери Хант (Велика Британија) 410 поени, 3. Михал Навратил (Чешка) 410 поени, 5. Блејк Олдриџ (Велика Британија) 360 поени, 6. Енди Џонс (САД) 350 поени, 6. Крис Коланус (Полска) 350 поени, 8. Дејвид Колтури (САД) 330 поени, 9. Алесандро де Росе (Италија) 229 поени, 10. Серхио Гузман (Мексико) 170 поени.

Табела (жени):

1. Ријана Ифланд (Австралија) 470 поени, 2. Адријана Хименез (Мексико) 450 поени, 3. Лизен Ричард (Канада) 420 поени 4. Џесика Меколи (Велика Британија) 380 поени, 5. Јана Несциарева (Белорусија) 290 поени, 6. Ана Бадер (Германија) 220 поени, 7. Џинџер Хубер (САД) 190 поени, 8. Антонина Вишиванова (Украина) 120, 9. Жаклине Валенте (Бразил) 80 поени, 10. Еленор Таунсенд Смарт (САД) 70 поени.

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg