Мал, а голем херој: 12-годишниот Марко Пејчиноски го преплива Охридското Езеро и нè направи горди
- Детали
- среда, 29 август 2018
Полн со самодоверба и решителност, тој е вистинска инспирација. Токму вакви деца ѝ се потребни на Македонија - младина која покажува дека сè што се сака се може.
Марко Пејчиноски е 12-годишен охриѓанец кој покажа дека соништата се остваруваат само ако доволно се сака.
Храброто момче во еден здив ги исплива 30-те километри од Свети Наум до пристаништето во Охрид, борејќи се со брановите во немирното Охридско Езеро и стана најмладиот маратонец. Ваков потег нема направено никој веќе 50 години.
По подготовка од една година, пливајќи во базен на затворено, со неверојатна сила и решителност Марко храбро тргна во предизвикот, дури и кога другите се сомневаа дали ќе успее да издржи до крај.
Иако, има доживеано инфаркт на долните екстремитети и има проблем при трчање, тој е самоуверен кога станува збор за пливањето. Пливаше во ист ритам во еден здив 9 часа.
Тој го избра празникот Голема Богородица за својот подвиг и ги направи горди своите роднини, пријатели и сограѓани од Охрид, како и цела Македонија.
Марко ни одржа лекција за издржливост на сите и со право треба да го носи прекарот „чудо од дете“, како што го нарекоа многумина.
Марко пристигнува на целта
Видео: Телма и Ohrid News
Фото: A. Момироска - Ohrid News
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





