Дора Ратјен, мажот кој освоил злато на Олимписките игри во женска категорија

Во 1936-та година, Летните олимписки игри се одржувале во Берлин. Во историјата можете да ги сретнете и како „Нацистички олимписки игри“ кои навистина го привлекле вниманието на целиот свет поради бројните контроверзии поврзани со политиката на Третиот Рајх.

dora-ratjen-mazhot-koj-osvoil-zlato-na-olipmpiskite-igri-vo-zhenska-kategorija-01.jpf.jpg

Со овие игри Хитлер открил можност да ја промовира својата идеја за надмоќта на чистокрвните Германци, но овој план го дочекала пропаст.

Од една страна, причината бил Џеси Овенс, афричко-американски атлетичар кој освоил 4 златни медали. Од друга страна, проблем била веста што стигнала до јавноста 2 години подоцна.

Станува збор за Дора Ратјен, маж преправен како девојка кој за време на Олимписките игри добил златен медал за скокање во височина, но во женска категорија.

dora-ratjen-mazhot-koj-osvoil-zlato-na-olipmpiskite-igri-vo-zhenska-kategorija-02.jpg

Две години пред Олимписките игри, Дора го освоила 4-тото место во оваа дисциплина, но тогаш никој не ја забележал нејзината невообичаена конструкција.

Покрај тоа, во тој период атлетичарките имале широки рамена и мали гради како маж, па Дора воопшто не привлекла внимание.

dora-ratjen-mazhot-koj-osvoil-zlato-na-olipmpiskite-igri-vo-zhenska-kategorija-03.jpg

Кога била приведена во Магдебург, Дора почнала да ја кажува вистината откако ѝ се заканиле дека ќе ја соблечат за да ја прегледаат.

„Родителите ме одгледаа како девојка. Поради ова, целиот живот носев женска облека. Помеѓу 10-тата и 11-тата година сфатив дека не сум женско. Беше што беше и никогаш не ги прашав своите родители зошто секогаш носам женска облека кога сум машко“, изјавила Дора за време на сослушувањето.

dora-ratjen-mazhot-koj-osvoil-zlato-na-olipmpiskite-igri-vo-zhenska-kategorija-04.jpg

После лекарскиот преглед се утврдило дека Дора има секундарни одлики на маж, а во пределот на половите органи имала необична лузна. После соопштението, златниот медал го добила второпласираната атлетичарка, а Дора станала маж со име Хенри.

Хенри го наследил домашниот бизнис – водење бар, и го работел ова до крајот на животот обидувајќи се да ги избегне јавноста и новинарите.

Контроверзијата повторно се прославила кога во весникот Time била објавена статија за учеството на Хенри во планот на нацистите за да сме смени „непосакуваната“ натпреварувачка Гретел Бергман. 

Гретел била дисквалификувана од игрите во 1936-та година поради нејзиното еврејско потекло. Потоа имигрирала во Америка каде што живеела до крајот на нејзиниот живот.

https://www.youtube.com/watch?v=DX9mc1MC0YY&feature=youtu.be

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кук... „Не беше среќен ни во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе п...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...

Најчитани неделава