Најдобрите реклами за Super Bowl 2020 за кои брендовите трошат 5 милиони долари


Најдобрите реклами за Super Bowl 2020 за кои брендовите трошат 5 милиони долари

Светските брендови не штедат воопшто кога станува збор за реклами кои се прикажуваат за време на паузите на Super Bowl, а оваа година помеѓу нив ќе се најде и претседателот Доналд Трамп – погледнете ги најдобрите за оваа сезона.

najdobrite-reklami-za-superbowl-2020-brendovite-troshat-5-milioni-dolari-za-30-sekundi-01.jpg

На 3-ти февруари (недела) ќе се одржи Super Bowl по 54-ти пат, а покрај добрата спортска атмосфера, на полувремето секогаш се појавуваат и музички ѕвезди со спектакуларни настапи.

Оваа година на полувремето ќе настапат Џеј Ло и Шакира, кои на прес-конференцијата најавија спектакл.

najdobrite-reklami-za-superbowl-2020-brendovite-troshat-5-milioni-dolari-za-30-sekundi-02.jpg

Освен во спортскиот натпревар и музичкиот перформанс, публиката и гледачите имаат можност да уживаат во генијалните реклами на брендовите кои се прикажуваат за време на паузите.

За овие реклами светските компании трошат огромни суми на пари, а за оваа година се смета дека потрошиле 5.6 милиони долари за 30-секундни реклами.

Со оглед на тоа што ова е најголемиот спортски настан во Америка, со околу 100 милиони гледачи, воопшто не е чудна оваа инвестиција за маркетинг цели.

Голем дел од компаниите ги објавуваат онлајн рекламите уште пред натпреварот, во скратена 30-секундна верзија или целосно. 

Покрај светските брендови, помеѓу рекламите оваа година ќе се најде и Доналд Трамп со кратка најава на неговата претседателска кампања.

Погледнете ги рекламите за Super Bowl 2020:

Hyundai

Facebook

Amazon

Microsoft

Google

Doritos Cool Ranch

Доналд Трамп – претседателска кампања

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Што нѐ очекува во финалето на Лигата на шампиони во фудбал? Денес се игра финалниот натпревар од Лигата на шампионите. Реал Мадрид и Ливерпу...
Американците Неш и Транзо крунисани во финалето на сезоната Камерон Неш успеа да ја врати светската шампионска титула во свој посед и тоа на...
Шонка ја освои првата титула во Red Bull Air Race! Во битка за титулата која се реши во последната рунда од сезоната, чешкиот пилот...