„Тенисот ми го покажа светот, а сега се збогувам“ – Марија Шарапова се откажа од тениската кариера

По долги борби со повредите, светската тенисерка, 32-годишната Марија Шарапова го најави нејзиното пензионирање од тенисот во емотивен есеј.

tenisot-mi-go-pokazha-svetot-a-sega-se-zboguvam-marija-sharapova-se-otkazha-od-teniskata-kariera-01.jpg

По 5 Гренд Слем титули, стотици милиони заработка и неверојатна репутација стекната во 28-годишната тениска кариера, Мариа Шарапова реши да се збогува од спортот.

„Како го оставаш зад себе единствениот живот за кој некогаш си знаел? Како си заминуваш од терените на кои си тренирала од малечко девојче, од играта која ја сакаш – онаа која ти донела неискажани солзи и неописливи радости – спортот каде пронаоѓаш семејство, заедно со фановите кои те поддржувале повеќе од 28 години? Тенису, се збогувам.“ – вака го започнува есејот тенисерката.

tenisot-mi-go-pokazha-svetot-a-sega-se-zboguvam-marija-sharapova-se-otkazha-od-teniskata-kariera-04.jpg

Во Vanity Fair денес беше објавен нејзиниот есеј, во кој таа го соопшти нејзиното пензионирање и збогување од спортот кој ѝ го промени животот.

Во него таа зборува за детството, за првите тениски терени на кои играла, за нејзината упорност и моментите кога нејзиниот карактер бил ставен на тест, како и за подемите, освоените титули, но и што се случувало зад она што го гледаме ние.

tenisot-mi-go-pokazha-svetot-a-sega-se-zboguvam-marija-sharapova-se-otkazha-od-teniskata-kariera-03.jpg

„Давајќи го животот за тенисот, тенисот ми даде мене живот. Ќе ми недостасува секој ден. Ќе ми недостасува тренингот и дневната рутина. Мојот тим, моите тренери. Ќе ми недостасуваат ракувањата – за победа или загуба.“

tenisot-mi-go-pokazha-svetot-a-sega-se-zboguvam-marija-sharapova-se-otkazha-od-teniskata-kariera-02.jpg

„По 28 години и 5 Гренд Слем титули, подготвена сум да се искачам на друга планина – да се натпреварувам на поразличен тип терен. А, немилосрдното трагање по победи? Нема да исчезне. Независно што има пред мене, секогаш ќе имам ист фокус, со иста работна етика и сите лекции кои ги научив.

Во меѓувреме, ќе се фокусирам на поедноставни работи како што е спокојот со моето семејство. Неочекуваните викенд бегства. Вежбање по мој избор!

Тенисот ми го покажа светот – и ми покажа од што сум направена. Така се тестирав себеси и така ја мерев мојата големина. Па, што и да изберам за следното поглавје, мојата следна планина, ќе бидам упорна. Ќе се искачувам. Ќе растам.“ - завршува таа.

Прочитајте го целиот есеј тука.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонци истрчаа 400km од Љубљана до Задар во тимска трка: „Завршивме за 33 часа, најтешко е ноќе к... „Системот беше „штафетен“ - додека дел од екипата трча, другите одмораа во комбе...
Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кук... „Не беше среќен ни во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе п...
Пропаста на фудбалската легенда Марадона: Ја заврши кариерата поради дрога, умирал во агонија Диего Марадона почина од инфаркт, но последните денови од животот му биле ужасни...
ЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом На четвртиот натпреварувачки ден, двете македонските репрезентации во Баскет 3х3...
Протекоа скандалозни снимки од забави на фудбалери со ескорт девојки во Италија - присуствувал и Ибр... Контроверзниот италијански бизнисмен, Фабрицио Корона, познат и како „кралот на ...
Ѝ го посвети првиот гол на Светско, таа јавно му изјави љубов - Која е девојката на Ламин Јамал, со ... „Го познавам Ламин многу подолго од овие неколку месеци. Не се баш три години, н...

Најчитани неделава