10 држави кои речиси банкротираа заради организирање на Олимписки игри

Олимписките игри се најголемиот спортски настан во светот и секоја година ги очекуваме со нетрпение.

10-olimpiski-igri-shto-rechisi-gi-bankroiraa-drzhvite-vo-koi-se-odrzhuvaa-01.jpg

Овој настан не само што ги обединува најдобрите спортисти ширум светот, туку им дава можност на домаќините да ја покажат својата култура.

Иако Олимписките игри ја зголемуваат заработката од туризмот во државата, нивната организација е вистински финансиски предизвик.

Поради сегашната ситуација со корона вирусот, Интернационалниот олимписки комитет сподели дека овогодишните игри во Јапонија ќе бидат одложени за следната година, наводно, најдоцна до летото.

А, додека го чекаме следното лето, прочитајте за Олимписките игри кои речиси ги банкротираа нивните домаќини:

Атина, Грција 1896

Во април 1896-та, во Атина се одржаа првите Олимписки игри од модерната ера. Тој период Грција веќе беше во лоша финансиска состојба, но новото кралско семејство веруваше дека игрите ќе ја зголемат популарноста на државата.

Организаторите направиле лоша процена за цената на целата организација, но за среќа, неколку бизнисмени донирале 1 милион драхми и кризата била избегната.

10-olimpiski-igri-shto-rechisi-gi-bankroiraa-drzhvite-vo-koi-se-odrzhuvaa-02.jpg

Париз, Франција 1924

После неколку „суви“ години, Олимписките игри конечно се покажаа во добро светло во Париз 1924-та. На тогашните Игри учествуваа 44 држави ширум светот и секој ден имало многу посетители.

Но, и покрај ова, постоеле многу финансиски проблеми и подготовките чинеле многу пари.

На крај, Франција заработила едвај половина од очекуваната добивка.

10-olimpiski-igri-shto-rechisi-gi-bankroiraa-drzhvite-vo-koi-se-odrzhuvaa-03.jpg

Монтреал, Канада 1976

Пред отворањето на игрите во 1976-та, градоначалникот на Монтреал изјави:

„Олимписките игри можат да имаат финансиски дефицит колку што маж може да роди дете.“

Но, многу погрешил – Олимписките игри во Монтреал останаа запомнети по огромната финансиска загуба.

Биле одвоени 120 милиони канадски долари за Игрите, но изградбата на потребните објекти резултирала со загуба од дури 922 милиони канадски долари. Најмногу пари биле потрошени за стадионот, олимпиското село со станбени згради и објектите за рекреација.

Долгот од овие Олимписки игри бил исплатен дури 30 години подоцна, во 2006-та.

10-olimpiski-igri-shto-rechisi-gi-bankroiraa-drzhvite-vo-koi-se-odrzhuvaa-04.jpg

Лејк Плесид, Њујорк, 1980

За зимските Олимписки игри во Лејк Плесид биле одвоени 80 милиони долари, но за кратко буџетот бил зголемен на 150 милиони.

Според личноста одговорна за финансиските средства кои биле на располагање, организаторите имале екстремни желби и се обидувале да добијат сè што сакаат.

До крајот на игрите, долгот на Лејк Плесид бил околу 6 милиони долари.

10-olimpiski-igri-shto-rechisi-gi-bankroiraa-drzhvite-vo-koi-se-odrzhuvaa-05.jpg

Албертвил, Франција 1992

Кога Албертвил во Франција реши да го подобри туризмот користејќи ги зимските Олимписки игри во 1992, уште неколку градови во близина го прифатија предизвикот.

Француските власти потрошија над 1 милијарда долари за да ја средат инфраструктурата помеѓу овие мали градови, со цел да го олеснат движењето на туристите и натпреварувачите.

Власта потрошила уште 189 милиони долари градејќи и подобрувајќи ги спортските објекти.

Иако некои од градовите забележале подобрување на туризмот, Албертвил не добил ништо. Француската влада, пак, изгуби 67 милиони долари и доби долгови кои нема да се исплатат со години.

10-olimpiski-igri-shto-rechisi-gi-bankroiraa-drzhvite-vo-koi-se-odrzhuvaa-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Нема приватен авион, кога може се вози со велосипед на турнири – На што ги троши Новак Ѓоковиќ парит... Има колекција од скапи автомобили, но кога може, на натпреварите оди со велосипе...
Златан Ибрахимовиќ купи црква, Дидие Дрогба – рудник за злато: Како фудбалерите ги трошат милионите? Кристијано Роналдо сака скапи автомобили и часовници, Вејн Руни има страст за ко...
Каратистите на „Макпетрол“ се пласираа на Светските Боречки Игри во Саудиска Арабија Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, членови на скопскиот карате-клуб „Макпет...
Извајано тело и продорни сини очи: Германката Алисија (25) е „најзгодната спортистка во светот“ (фот... Има 25 години и беше дел од олимпискиот тим на Германија во 2020-та, но тогаш не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg