Олимписките игри во Токио одложени заради корона вирусот

Поради пандемијата со корона вирусот, овогодишните Олимписки игри, кои требаше да се одржат во Токио, Јапонија, се одложени за следната година.

korona-virusot-gi-odlozhi-i-olimpiskite-igri-vo-tokio-01.jpg

Според Интернационалниот олимписки комитет, настанот кој беше закажан за 24-ти јули ќе се одложи за 2021-ва година, не подоцна од летото.

Предлогот го дал премиерот на Јапонија, а Kомитетот веднаш се согласил.

Наводно, Комитетот си дал рок од 4 недели за да одлучи што ќе се случува со Игрите, но поради притисокот од ширењето на вирусот, морале да донесат брза одлука.

„Во понеделникот, генералниот директор на Светската здравствена организација изјави дека пандемијата се ’забрзува‘.

Во сегашните околности и според информациите од СЗО, претседателот на Комитетот и премиерот на Јапонија заклучија дека Олимписките игри во Токио мораат да бидат презакажани за после 2020-та, но не подоцна од летото 2021-ва, со цел да се зачува здравјето на спортистите, сите вклучени во Олимписките игри и интернационалната заедница“, изјавија од Интернационалниот олимписки комитет.

Во 124-годишната модерна историја на Игрите, ова е првпат да бидат одложени. Сепак, Игрите беа откажани трипати – во 1916, 1940 и 1944, поради двете светски војни.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Олимписките медали се распаѓаат, бронзените чинат помалку од 2 кафиња во Скопје - Скандал во Италија Не помина ни една недела од почетокот на Зимските олимписки игри во Милано и Кор...
Топ 10 најзгодни спортистки на Зимските олимписки игри 2026 На врвот убедливо е најзгодната лизгачка Јута Лердам, но тука е и скијачката Ејл...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Нашата скијачка Јана Атанасовска не ја заврши трката во слалом на Олимпијадата 2026 „По идентичното сценарио од велеслаломот пред неколку дена, Јана направи грешка ...
Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кук... „Не беше среќен ни во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе п...

Најчитани неделава