„Сега е наше време“ – ФФМ со моќно видео ги бодри фудбалерите пред историскиот натпревар со Грузија

Момците од македонската фудбалска репрезентација се за првпат на чекор од Европско првенство, а моќното видео кое го објави ФФМ ги растреперува срцата на навивачите кои со душа го чекаат овој момент кој ќе испише историја.

sega-e-nashe-vreme-ffm-so-mokjno-video-gi-bodri-fudbalerite-pred-istoriskiot-natprevar-so-gruzija-01.jpg

Во четврток, фудбалерите од македонската репрезентација ќе се соочат на теренот со репрезентацијата на Грузија на натпревар кој е најважниот во историјата за нас.

Ако момците успеат да „извојуваат“ победа на теренот во Тбилиси, тие ќе испишат историја обезбедувајќи си пласман на Европското првенство.

Фудбалската федерација на Македонија по тој повод објави моќно видео со кое ги бодри фудбалерите и ја загрева крвта на навивачите кои со нетрпение го чекаат овој момент за првпат во фудбалската историја на нашата земја.

Во описот на видеото стои: 

“Цел живот, Македонија! Ви благодариме, момци” 

Веруваме дека зборуваме и во ваше име кога со цело срце и почит ги изговараме овие зборови: “Цел живот, Македонија! Ви благодариме, момци”

#ВремеЕЗаЕвропско #НапредМакедонија #СегаЕНашеВреме #EURO2020 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фудбалери се степаа со боксови, Меси „влијае“ на судијата да даде непостоечки црвен картон - Срамен ... По кратка расправија и меѓусебното туркање, ситуацијата ескалира, а на видеото ш...
Растура на Светско, го нарекуваат „викинг“: Кој е норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд, што стана хит м... Ерлинг Халанд веќе важи за најдобриот фудбалер од Норвешка, но благодарение на С...
Победниците не го добиваат оригиналниот трофеј, играчите не се платени од ФИФА: Факти за Светско што... Секој тим што се натпреварува добива солидна сума од ФИФА за подготовки и патува...
Популарни, згодни, успешни - Кои се сопругите и девојките на фудбалерите што ќе играат на Светско 20... Помина времето кога партнерките на фудбалерите беа познати само поради врската с...
Горат факели, илјадници луѓе блокираат улици - Еуфорична прослава во Босна (и регионот) откако се пл... Во Сараево и Тузла имаше колапс во сообраќајотот - илјадници луѓе на улиците сла...
Македонија оди на Светско! Ракометарите десетти пат се изборија за пласман за најголемото натпревару... Македонската ракометна репрезентација повторно нè направи горди! Момците на Кире...

Најчитани неделава