Историски ден за фудбалот во Македонија - можеме ли до Европско првенство?

После долго чекање, македонската фудбалска репрезентација е во позиција да игра за историја, да игра за Европско првенство. Денес во 18 часот во Тбилиси ќе се одигра историскиот натпревар против Грузија, а доколку сакате да навивате и притоа да заработите, MOZZART нуди одлични квоти за натпреварот.

istoriski-den-za-fudbalot-vo-makedonija-mozheme-li-do-evropsko-prvenstvo01.jpg

Последната препрека кон оваа цел за која сонуваат Пандев и екипата е Грузија, а за тој сон да се оствари, потребен им е перфектен натпревар во Тбилиси. Факт е дека ќе биде тешко без Енис Барди, „моторот“ на екипата кој се повреди на последниот тренинг, како и големиот борец Аријан Адеми, кој е исто така неизвесен поради повреда, но сите момци се свесни дека мораат да го надополнат нивното отсуство на терен, затоа што знаат што ги чека – оваа генерација предводена од селекторот Игор Ангеловски е зрела за едно ЕП!

Погледнете ги сите квоти за овој натпревар тука <<

Патот до овој плеј-оф водеше преку новоформираната Лига на нации на УЕФА. Во рамки на ланското издание во Лигата Д, Македонија беше подобра од Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн, а по неколку одложувања, успеа да слави и во полуфиналето против Косово во Скопје кое се одигра без публика како превенција од ширење на ковид-19. Сега следи последната пречка, тоа е селекцијата на Грузија, која повеќе не е енигма, затоа што против неа се одиграа две средби.

И во двата натпревари Македонија дојде до реми со идентични 1:1 и тоа по негатива, а интересно е што и на мечот во Скопје и на мечот во Тбилиси тоа го направи со играч помалку. Грузија се покажа дека не е така „страшна“ и незгодна, па сонот за Европско првенство конечно може да ни стане реалност. Плус, и противникот има хендикеп со повредени играчи и ковид-19, па Вајс нема да може да смета на неколку стандардни првотимци.

Да стискаме палци за на крајот заедно да се радуваме, ама – и да типуваме! Квотата за историја во Тбилиси во MOZZART изнесува 3.00. Доста примамливо, мора да признаеме. А, ако ја споите со некоја од комбинациите и додадете голови, или типувате на полувреме-крај, истата додатно ќе порасне. Македонија на ЕП и воедно добитен тикет – е, тоа е богами двојна добивка! Во исчекување на историскиот натпревар, направете го вашиот избор - MOZZART нуди широк спектар на игри!

Би можело да ве интересира:

Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Се исцрпува до повраќање, многу операции: Мрачната страна позади скијачката кариера на Линдзи Вон Листата на нејзини повреди е огромна, од скршеници до скинати лигаменти и повред...
ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула! Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот ост...
Французинот кој трча и менува јакни е вистински хит на Олимпијадата - Што знаеме за Беноа Ришо? Оваа зимска Олимпијада донесе многу интересни моменти, спортски подвизи кои ќе с...
Растура на Светско, го нарекуваат „викинг“: Кој е норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд, што стана хит м... Ерлинг Халанд веќе важи за најдобриот фудбалер од Норвешка, но благодарение на С...
Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кук... „Не беше среќен ни во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе п...

Најчитани неделава